Линкови за пристапност

Можна е ревизија на американската помош за странство под лидерство на Трамп


Можна е ревизија на американската помош за странство под лидерство на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Колку американската странска помош е предвидена и каде оди се две клучни прашања додека администрацијата на Трамп се подготвува да ја преземе функцијата во јануари. Во некои сектори се очекуваат намалувања, а некои би биле приоритет. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Медицински материјали за Индија. Помош во храна за Газа. САД донираат повеќе странска помош од која било друга земја во светот.

Само во фискалната 2022 година - околу 70 милијарди долари. Тоа е еден процент од вкупниот федерален буџет за хуманитарна помош, економски развој и мир, безбедност и други сектори во странство.

Не е јасно каков ќе биде пристапот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп кон странската помош кога ќе го започне вториот мандат во јануари.

Но, за време на неговиот прв мандат, Трамп ги кажа своите ставови на Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година.

„Ќе испитаме што функционира, што не функционира и дали земјите што ги добиваат нашите долари и нашата заштита, исто така, ги имаат нашите интереси во срцето. Одејќи напред, ќе им дадеме странска помош само на оние кои не` почитуваат и, искрено, ни се пријатели“, рече Трамп во 2018 година.

Како претседател, Трамп стопираше одредената странска помош. Но, Конгресот честопати ги одбиваше неговите предлози да го стори тоа.

„Тој направи некои значајни кратења на пари што се наменети за климатските промени. Тој направи некои други промени, како палестинската помош, но голем дел од нормалната политика за помош на САД продолжи релативно непроменета“, вели Џереми Мејер од Универзитетот „Џорџ Мејсон“.

Трамп ја ограничи американската поддршка за образование и услуги за абортус во неговиот прв мандат, како што тоа го правеа претходните републикански администрации, и се очекува тој повторно да го стори тоа.

„За време на администрацијата на Бајден, имаше начини на кои се добиваа пари за работи како за образование за абортус. За време на првата администрација на Трамп, не дозволивме финансирањето да оди на невладини организации кои промовираа абортуси“, посочува Бони Глик од Фондацијата за одбрана на демократиите.

Изборот на Трамп за државен секретар Марко Рубио, му кажа на Конгресот во февруари дека, цитирам „Она што се случува низ светот е важно“ и дека САД треба да се грижат за тоа.

Но, според него, политиката на Трамп „Америка на прво место“ има приоритет.

„За прашање по прашање, или сме го изгубиле целиот здрав разум, или постојано ги игнорираме потребите на вредните Американци и ставаме нешто или некој над нив, одново и одново“, рече Рубио.

Глик вели дека новата администрација на Трамп внимателно ќе погледне каде се трошат американските даночни долари.

„Се сомневам дека ќе има ревизија на сите глобални програми на УСАИД во 100 различни земји ширум светот“, додава Глик.

Целта, додаде таа, ќе биде САД да извлечат најмногу од земјите што примаат долари од даночните обврзници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG