Линкови за пристапност

Млади турски активисти протестираат против трговските врски на Анкара со Израел


Млади турски активисти протестираат против трговските врски на Анкара со Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Група млади активисти во Турција, познати како „1000 млади за Палестина“, претставуваат редок и силен предизвик на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган користејќи ги социјалните мрежи за протести против тековната трговија на Турција со Израел. Известува Доријан Џонс. .

Последниот протест во Истанбул на „Групата 1000 млади за Палестина“ беше поради убиството од страна на израелските безбедносни сили на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги.

Но, заедно со осудата на Израел, демонстрантите го обвинија и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за одржување на трговскикте врски со Израел.

„Протестирам, за да ја принудам турската влада да ја запре трговијата со нафта со Израел и да го запре геноцидот. Ова не е само јавно барање. Исто така, е законска обврска за Турција да го запре геноцидот“, апелира Гулсум од организацијата „1000 млади за Палестина“.

Групата, составена од студенти, од почетокот на израелската воена кампања во Газа, го таргетираше извозот на азербејџанска нафта во Израел преку турско пристаниште. Групата, исто така, протестира против континуираните трговски врски на турските компании со Израел и покрај официјалното ембарго.

Групата ги користи социјалните медиуми за да ја емитува својата порака, заобиколувајќи ги медиумите, контролирани од владата. Активистите велат дека нивната кампања е зајакната со различноста на нивната група.

„Кога станува збор за Палестина, тоа е приказна која не обединува сите. Ние сме група која лесно може да се договориме што можеме да направиме од овде. Некои се дефинираат како социјалисти, има и исламисти има и аполитични млади кои не ги интересира политика, но сепак, ни се придружуваат“, вели Гизем од движењето.

Полицијата разбива протести. Панел дискусијата на државната телевизија за Израел беше прекината од групата, што резултираше со апсење на палестински член, кој сега се соочува со депортација. Инцидентот предизвика повеќе протести.

Апсењето демонстранти кои се исламисти, велат аналитичарите, најверојатно ќе го посрамоти Ердоган и ќе ги залади односите со оваа група на луѓе.

Аналитичарите го обвинуваат шефот на турската држава за искористување на длабоките поделби меѓу секуларните и религиозните Турци и велат дека различноста на групата му претставува проблем.

„Ваквите хибридни групи се здружуваат обединети, поради некоја причина. Идеолошки или социјално, класно - тие можеби се многу разновидни, а тоа претставува закана за владата“, смета Сезин Онеј од организацијата, „PolitikYol“.

Ердоган претрпе тежок пораз на неодамнешните локални избори - пораз кој широко се објаснува со лошата економија, но и за гневот поради трговијата на Турција со Израел.

Активистите велат дека се надеваат дека протестите ќе продолжат.

Како што наведуваат аналитичарите, различноста на групата е очигледно главоболка за Ердоган и таа нема да исчезне се додека војната во Газа - и ангажманот на Турција со Израел - продолжат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG