Линкови за пристапност

Мисија на Блинкен да го зајакне трансатлантското сојузништво


Мисија на Блинкен да го зајакне трансатлантското сојузништво
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Државниот секретар Ентони Блинкен планира следната недела да замине во Франција и Белгија за да го зајакне единството со блиските сојузници на САД, во нивната поддршка за Украина и Израел. Аналитичарите велат дека тој се соочува со тешка задача. Известува Синди Сеин. 

Русија неодамна го нападна североисточниот украински град Харкив со воздушни бомби, првпат од 2022 година. Во нападот загина најмалку еден цивил, а беа ранети 16 други, предизвикувајќи и голема штета.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен следната недела оди во Европа за да ја зацврсти поддршката за Украина, како што објави Стејт департментот.

„Секретарот Блинкен ќе отпатува во Париз, Франција и во Брисел и Лувен, во Белгија, од 1 до 5 април за да ја нагласи нашата посветеност на НАТО алијансата, за зајакнување на трансатлантските партнерства и справување со глобалните предизвици. Во Париз, секретарот Блинкен ќе се сретне со францускиот претседател Макрон, ќе разговара за поддршката за Украина, напорите да се спречи ескалација на конфликтот во Газа и голем број други важни прашања“, рече Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика контроверзии минатиот месец, велејќи дека е императив Русија да биде поразена и дека не треба да се исклучи оти Западот можеби ќе треба да испрати копнени трупи во Украина - предлог што САД и Германија брзо го отфрлија.

Експерт за Гласот на Америка изјави дека верува оти Макрон го изразува ставот - често изразен од САД - дека сите опции се можни, без да значи дека војниците ќе бидат распоредени во Украина во скоро време.

„Мислам, ние сме во потежок момент, во однос на војната во Украина. И наметнува нови предизвици и нови ризици од ескалација. На некој начин, САД и Франција се најотворените и најнаклонети кон прашањето за поддршка на Украина преку Атлантикот. Значи, сите причини се тука за да бидеме на иста страна. Но, мислам дека средбата со претседателот Макрон сигурно ќе биде многу важна за да се организира тоа“, смета Јан Лесер од Германскиот маршалов фонд.

Во меѓувреме, Блинкен ќе се упати кон Европа следната недела, како што незадоволството таму и на други места расте, поради страдањата на палестинските цивили во Газа поради војната на Израел против Хамас, назначена од САД за терористичката група.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG