Линкови за пристапност

Минирано детство: Украинските децата учат за опасностите од нагазни мини


Минирано детство: Украинските децата учат за опасностите од нагазни мини
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Војната внесе нови елементи во животот на украинските деца, како што се засолништа за бомби во градинките и училиштата, лекции за безбедност од мини и обука за прва помош. Од Киев, Лесија Бакалец гледа како војната влијае врз најмладите граѓани на земјата. 

Нови животни лекции за некои од најмладите ученици во Украина...
“Погледнете, тука е една напуштена куќа. И тоа може да биде опасно место. Зошто? – Затоа што може да има граната!
Овие ученици во градот Ирпин имаат само 3 и 4 години. И секоја недела имаат посебни часови за безбедност.

„Им објаснувам на децата дека ако видат каков било предмет што стои на земја, во никој случај да не го подигаат и да го допираат, дури и да е играчка или бонбона, бидејќи може да биде миниран“, вели Свитлана Кравец, учителка во предшколска возраст.

Руската армија го окупираше Ирпин на почетокот на март 2022 година, непосредно откако ја започна својата целосна инвазија на Украина еден месец претходно. Кога војниците го напуштија градот, тие поставија мини.

Сега, украинските ученици од сите возрасти добиваат лекции за воените опасности со кои се соочуваат секој ден.

„Искрено, многу е тешко да им се каже на децата за овие работи, но знам дека морам. Имаме различни игри, книги, гатанки за мини, гранати, експлозии“, вели Кравец.

УНИЦЕФ обезбедува безбедносни образовни материјали за децата од предучилишна возраст и градинките низ целата земја.

„Тие користат украински средини за да им покажат на децата каде може да се наоѓаат таквите предмети и што треба да прават и телефонските броеви што треба да ги повикаат доколку наидат и на некои од овие експлозивни предмети. Околу 30% од оваа земја во моментов е контаминирана од мини“, објаснува Демијан Ренс, од украинскиот УНИЦЕФ.

Учениците во ова училиште во Киев учат прва помош и телефонските броевите на кои треба да се јават доколку видат сомнителен предмет. 12-годишниот ученик Андриј Канавов, кој побегнал од својот дом во Мелитопол, објаснува како ја разбира војната.

„Војна е кога една земја сака да ја земе територијата на друга земја. Тие бомбардираат и возат таму со артилериски возила од секаков вид“, вели ученикот Андриј Канавов.

Наставничката Људмила Гавриљук вели дека децата брзо растат и им треба повеќе внимание и грижа.

„Понекогаш гледам кога децата молчат или тажни. Нашата улога е да бидеме во нивна близина. Но, исто така, нашата образовна програма треба постојано да ја прилагодуваме на актуелните воени околности“, раскажува Гавриљук.

Демијан Ренс од УНИЦЕФ вели дека од 7-те милиони деца во Украина, околу 40% сè уште немаат директен пристап до образование со физичко присуство, а околу 1,5 милиони имаат проблеми со менталното здравје кои бараат професионална интервенција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG