Линкови за пристапност

Мицкоски ги повика Левица и ЗНАМ на обединување за национално единство


Мицкоски ги повика Левица и ЗНАМ на обединување за национално единство
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00

Со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид.

Народот доаѓа по своето, доаѓа по тоа што му е одземено, доаѓа по Македонија да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени со кои ќе покаже на сите дека можеме, дека знаеме и дека си ја сакаме државата, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски од Охрид, од каде што ја почнаа кампањата за претстојните парламентарни избори на 8-ми мај.

„Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот и да ја одземеме од рацете на стотина функционери на ДУИ и нивните измеќари од СДСМ. Не им ја даваме Македонија, не им ја даваме иднината, не им дозволуваме повеќе да си играат со нашите животи, да се коцкаат со животите на нашите деца. Тргнавме и нема назад. Доаѓа цунамито што ќе ги одвее од политичката сцена и ќе ги одведе во заборав во историјата“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ветуваа просперитет и благосостојба, но донесоа апатија и разочарување. Мицкоски рече дека од случувањата во државата се незадоволни не само Македонците, туку и Албанците, кои биле разочарани од политиките на партијата ДУИ, која е рекордер по години на владеење во светот.

„Ќе одговарате за сѐ дебело. Ова не е никаква закана, ова е мое ветување. Ќе одговарате за сѐ што и направивте на Македонија. Со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава“, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека СДСМ се надева дека ќе формира влада со сите албански партии.

„Сакам овде денес да обзнанам едно сценарио, една завера која ја подготвуваат и со која си се лажат дека ќе им успее, а тоа е дека СДСМ ќе имале 28 пратеници, а албанските партии 33 пратеници и ќе правеле влада заедно. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји. Дури ветувале на ДУИ дека наместо како досега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти“, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид повика и на национално единствено, а партиите Левица и ЗНАМ на Максим Димитриевски ги повика на национално обединување. Со Левица и ЗНАМ имаме повеќе разлики по повеќе прашања, но во моментот нај клучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа од рацете на граѓаните рече тој.

„Мојата прва иницијатива за обединување и обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум кон нападите на Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како моја обврска, но и како потреба да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребно на Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски од Охрид вети многу работа, реформи и подобар живот за сите граѓани, како и отворање на 55.000 работни места, фронт против корупцијата, прочистување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите и како што рече најголема и историска победа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG