Линкови за пристапност

Местото на крвавиот напад врз фестивалот во Израел привлекува аџии од целиот свет


Местото на крвавиот напад врз фестивалот во Израел привлекува аџии од целиот свет
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Како што Израел се доближува до годишнината од нападот на Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа, местото на музичкиот фестивал стана место за аџилак. Таму Хамас уби 364 млади луѓе, а 44 зеде како заложници. Известуваат Линда Градстин и Рики Росен. .

Коби Итах дошол на местото на музичкиот фестивал Нова, каде што неговиот син Лиел бил убиен од вооружени напаѓачи на Хамас на 7 октомври. Тој и неговото семејство градат споменик за Лиел среде звукот од борбите во Газа.

Итах ѝ зборува на група израелски војници за својот син и за повеќе од 360 други млади жртви во нападот на Хамас.

„Чувствуваме како местото да ни зборува. Секој Евреин во светот, па дури и тој што не е Евреи, треба да дојде овде за да види низ што поминал Израел, низ што поминале овие деца. Тие дојдоа да танцуваат и беа убиени. Ова треба да биде место за аџилак за сите“, вели Итах.

Томас Серфати дошол на локацијата на Нова со група од Франција.

„Сакав да ги видам работите со свои очи, па дома да можам подобро да разговарам за тоа со некои луѓе. Затоа што како во Америка, така и во Франциј, имаме некои луѓе кои се сомневаат во она што се случи, ужасот од она што се случи овде“, вели Серфати.

Меѓу толпата посетители е и заменик-претседателот на израелскиот парламент, Нисим Ватури, со делегација од владејачката партија Ликуд.

„Дојдовме да ги погледнеме тие лица, да го поддржиме југот на Израел и го видовме ова. Ова е причината што се бориме во Газа“, посочува Ватури.

Михаел Сабаг рачно пишува Тора, документ од Стариот завет, во спомен на војник убиен на фестивалот Нова.

Тој поканува посетители, Евреи и оние што не се Евреи, да бидат благословени со тоа што го поддржуваат пишувањето на светата книга.

„Прекрасно е што Евреите од Франција, од Обединетото Кралство, од Америка и од целиот свет доаѓаат овде и плачат за луѓе кои не ги ни познавале. Тоа е големината на еврејскиот народ – што секој човек ја чувствува тагата еден на друг“, порачува Сабаг.

Ципора Ватернов се преселила во Израел од Чикаго пред десет години. Таа возела повеќе од три часа за да го доживее местото Нова.

„Псалм 30, претпоследниот ред вели: 'Ќе ја претворам вашата жалост во танцување. Ќе ви ја заменам тагата со радост'“, истакна Ватернов.

За повеќето Израелци, иако помина речиси една година од настаните на 7 октомври, сè уште има многу повеќе тага отколку радост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG