Линкови за пристапност

Масовни протести во Турција против повикот на Ердоган за убивање улични кучиња


Масовни протести во Турција против повикот на Ердоган за убивање улични кучиња
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

Повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за убивање на улични кучиња предизвика бес што аналитичарите велат дека ги преминува политичките линии низ целата земја. Известува Доријан Џонс од Истанбул.

Неодамна ширум Турција избија протести поради предложениот закон за собирање и убивање милиони улични кучиња. Според законот, кучињата ќе бидат убиени по 30 дена доколку нивните сопственици не се појават или не се најдат нови сопственици.

Зулал Калканделен објаснува зошто се противи.

„Планираат да ги соберат во засолништа, кои ги нарекуваме логори на смртта. Веќе некое време се води кампања за ширење омраза кон бездомните животни. Нашиот народ, кој долги години, всушност со векови живее со улични кучиња, сега е доведен до точка кога сите овие животни ќе бидат збришани“, вели Калканделен.

Предложената легислатива евоцира сеќавања на мрачното поглавје во минатото на градот, кога во 1910 година, уличните кучиња беа собрани и оставени на блискиот остров да гладуваат.

Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отфрли загриженоста на поборниците за заштита на животните, тврдејќи дека кучињата - скитници станале закана за општеството, предизвикувајќи сообраќајни несреќи и ширејќи болести.

„Вистината е дека многу голем дел од општеството сака што побрзо да се реши ова прашање и нашите улици да станат безбедни за сите, особено за нашите деца. За нас е незамисливо да останеме рамнодушни на ова барање, на овој повик“, рече Ердоган.

Сепак, активистите велат дека има похумани начини да се одговори на загриженоста на граѓаните за бројот на улични кучиња.

Адвокаткaта Елчин Џемре Сенџан е една од организаторките на протестот.

„Има луѓе кои се вознемирени од овие бездомни животни, но решението не е да ги заспивате кучињата и да ги убиете. Научните студии покажаа дека стерилизацијата на животните, особено на кучињата, го намалува нивниот број“, вели Елчин Џемре Сенџан.

Партијата на Ердоган неодамна претрпе голем пораз на локалните избори. Противниците велат дека Ердоган би можел да работи на консолидирање на својата религиозна база, и да се пресмета со противниците на неговото законодавство за справување со уличните кучиња кои доаѓаат главно од секуларната опозиција.

„Ги знаеме нашите проблеми во земјата; светот ги знае нашите проблеми, но тие сакаат да ги премолчат главните теми, и да се фокусираат на овие животни. Кучињата не зборуваат, не можат ништо да кажат, ние сме тука да бидеме нивниот глас“, објаснува демонстрантот Ејуп Чичарали.

Неодамнешното истражување на јавното мислење сугерира дека помалку од три проценти од Турците го поддржуваат убивањето на улични кучиња - што укажува на тоа дека противењето ги преминува политичките и религиозните граници.

Аналитичарите предупредуваат дека легислативата за справување со уличните кучиња што ќе биде изгласана во Парламентот во наредните недели може да биде ризичен политички потег за Ердоган.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG