Линкови за пристапност

Мала компанија во САД создава иновативни зелени покриви


Мала компанија во САД создава иновативни зелени покриви
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Дејвид Тили е доцент за наука и технологија за животна средина на Универзитетот во Мериленд. Тој и неговите студенти создаваат пронајдоци што служат како зелени покриви, чадори и настрешници. Известува Фаиза Елмасри.

Јас се викам Дејвид Тили и сум вонреден професор по наука и технологија за животна средина на Универзитетот во Мериленд во Колеџ Парк. Исто така сум извршен директор и ко-основач на „Живи настрешници“, стартап кој произлезе од моето истражување во мојата лабораторија на универзитетот.

„Живи настрешници“ не би постоеле без сите практиканти-студенти што ги имав во последните неколку години. Мислам дека последното кога броев имав околу 20 студенти кои обично работат во текот на летото или во текот на семестарот.

„Се обидувам да привлечам колку што можам повеќе студенти со претприемништво, и тие навистина го гледаат тоа како начин за зголемување на технологиите и за добро влијание низ светот, низ државата и во целиот регион, затоа што ви ја дава оваа можност вашата идеја да ја претворите во нешто што е многу големо и може да влијае и да го подобри животот на многу луѓе. Длабоко во себе, нашата инспирација за сите наши живи технологии е да ги натераме луѓето да ја сакаат природата“, вели Тили.

Живиот чадор. Тој беше нашиот прв изум. Овој зелен чадор е за внатрешен двор, но наместо да имате пластична најлонска крошна што обично ве штити од сонце и дожд, вие ќе имате крошна од живи растенија. Обично за ова се користат многу цветни растенија како Мандевила.

Има сопствен систем за наводнување со соларна енергија, за да можете да ги одржувате растенијата здрави и живи. И тогаш се обезбедува овој вид на вов фактор за ресторани и хотели кои сакаат да ги импресионираат своите клиенти. Исто така, создава многу поудобен простор и може да обезбеди живеалиште, ако тоа е нешто што сакате да го правите и вие.

„Она што е навистина важно за зелен покрив е почвата да биде лесна. Ова е инженерска почва. Тоа е всушност карпа од шкрилци. Се дроби и потоа се пече на 1093 степени Целзиусови. И кога ќе се направи тоа, таа се шири, а кога ќе се прошири станува помалку густа и затоа има помала тежина. Кога го имате ова на врвот на засолништето, тоа не е толку тешко, и делува навистина добро како добар дренажен медиум и медиум за растење за растенијата“, објаснува Тили.

Сакаме луѓето да размислуваат за природата и како таа може да им донесе корист на многу различни начини и да ги направи нивните животи подобри, поздрави и да имаат попросперитетна иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG