Овој мал гаџет спречува кашкавалот да се залепи на кутијата каде е пицата. Тоа е направено пред 50 години од овој човек.
„Се викам Клаудио Даниел Троглија. Во 1974 година го измислив таканаречениот одвојувач за пица.“
Роден во Буенос Аирес, Троглија и неговото семејство имаат длабока љубов кон пицата. Но, со секое купување наидувале на проблем.
„Во 1974 година кутиите за пица не беа направени од повеќеслојни картони, туку беа направени од многу тенок картон. Па, производителите на пица ставаа околу 10 до 15 чепкалки на пицата. Но, додека да дојдете дома, чепкалките се паѓаа во мицарелата, и понекогаш при јадење пица можеше да ве прободе чепкалка за заби“.
По некое време размислување дошол тој смислил едноставен, но генијален дизајн - мал и лесен пластичен држсч – одвојувачот за пица.
Троглија за нековиот изум пред 50 години добил меѓународен патент, и тој веднаш стана популарен. Но, вели, многу други почнале да го користат неговиот дизајн и покрај неговото ексклузивно право за него.
„Патентот никогаш не беше почитуван. Одев по пицерии само за да проверам дека оној што им ја продаде кутијата за пица ќе го понуди и мојот изум, па затоа беше поудобно за производителот на пица да купи сè од истиот добавувач.
Тој немал средства за да продолжи со правна постапка во Аргентина и во другите делови на светот. Троглија вели дека се разочарал и дозволил патентот да пропадне.
Изумот на Троглија пристигна до САД, каде подоцна, една жена која живее во Њујорк патентирала одвојувач за пица.
„Кармела Витале во 1985 година го патентираше како да е нејзин. Таа го поднесе патентот со идентичен дизајн“, вели Троглија.
Денес, Троглија има ресторан. Пицата е на неговото мени. Тој се восхитува на тоа како неговиот скромен пронајдок го обиколи светот.
И додека Троглија вели дека не профитирал од патентот, одвојувачот за пица останува како негов изум.
„Единствено ми остана славата“, вели Аргентинецот.
Facebook Forum