Големата победа на турска опозициска Републиканска народна партија на локалните избори ширум државата се значителен пресврт во статусот на партијата, велат аналитичарите, со оглед на реизборот на претседателот Реџеп Таип Ердоган минатата година.
„По поразот на мајските избори, сите помислија дека опозицијата е во состојба на очај. Но, се чини дека тоа не е така и тоа е вистинска пресвртница за турскиот политички пејзаж”, вели Кан Селџуки од Истанбулско економско истражување.
Ердоган се стави себеси во првите редови, водејќи ја кампањата за повторно преземање на Истанбул од актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу.
Но, Имамоглу ја прошири својата контрола врз градот, освојувајќи упоришта на партијата на Ердоган, вклучително и областа Бејоглу, каде што Ердоган порасна и имаше лична база на моќ.
Близу 70 отсто инфлација и 50 отсто каматни стапки, велат аналитичарите, беа клучните фактори за поразот на АК Партијата.
Аналитичарите велат дека Имамоглу го прикажал неговото лидерство како инклузивно, и сметаат дека тоа било фактор за неговиот успех како потенцијален претседателски предизвикувач.
Градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш од Републиканската народна партија исто така обезбеди убедлива победа. Аналитичарите велат дека двајцата градоначалници успеале да ги придобијат верските гласачи, проширувајќи го влијанието на нивната партија надвор од нејзината цврста секуларна база.
Експертите велат дека ова им отвора врата за успех во делови од Турција кои беа упоришта на Ердоган, како што е Анадолија.
„Тоа се места за кои сметав дека се религиозно конзервативни, а Републиканската народна партија никогаш порано не победила на тие места. Тоа важи и за Централна Анадолија која обично многу понационалистичка, многу почувствителна религиозно, но за прв пат тие победија”, вели Истар Ѓозајдин од Универзитетот „Истинје“.
Локалните избори на 31-ви март ја променија изборната карта на Турција, со што Републиканската народна партија контролира многу провинциски градови за прв пат по многу години.
Аналитичарите велат дека со оглед на тоа што локалните градоначалници имаат значителна моќ да го обликуваат секојдневниот живот, а опозицијата има голема можност.
„Републиканската народна партија доби шанса да покаже како ќе владеат во следните пет години. Мислам дека е огромна можност за главната опозиција да ги покаже своите владејачки способности во делови од земјата каде што претходно никогаш не би можеле да победат на избори”, вели Селџук.
Аналитичарите велат дека настапот на Републиканската народна партија во овие градоначалнички избори може да го одреди исходот од претседателските избори во 2028 година. Во време кога партијата на Ердоган се бори да ја скроти растечката инфлација, тие велат дека таа перспектива се чини реална.
Facebook Forum