Линкови за пристапност

Лансиран сателит за контрола на метан во атмосферата


Лансиран сателит за контрола на метан во атмосферата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

На Земјата и во вселената, во тек се неколку напори за ограничување на емисиите од метан, стакленички гас што придонесува за глобалното затоплување. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Приклучувајќи се во борбата против климатските промени, првиот сателит развиен од еколошка непрофитна организација е во орбитата од почетокот на март.

„Метансат“ прецизно посочува каде се случуваат истекувања на моќен стакленички гас метан ширум светот. Податоците може да им помогнат на засегнатите страни да го спречат протекувањето.

„Најголемиот индустриски извор на метан е индустријата за нафта и гас. Поради тоа нашиот примарен фокус е на обидот да се ограничи загадувањето со метан на нафтата и гасот. Други големи извори на метан се земјоделството, депониите и други објекти”, вели Џон Голдстајн од Фондот за одбрана на животната средина.

Метанот е вториот најголем придонесувач за глобалното затоплување зад јаглерод диоксидот. Повеќе од 150 земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, ветија значителни намалувања на емисиите до 2030 година.

Меѓу мерките за нивно постигнување, Бирото за управување со земјиштето на САД кон крајот на март го објави Правилникот за спречување на отпадот од метан со ажурирани прописи за операторите на закуп на нафта и гас во федералните и племенските земји.

Застапниците за заштита на животната средина се воодушевени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG