Линкови за пристапност

Конгресменот Том Емер се откажа од трката за спикер на Претставничкиот дом


Претставничкиот дом веќе 22 дена е без спикер, што значи дека законодавците не се во можност да одговорат на војните на Блискиот Исток и Украина
Претставничкиот дом веќе 22 дена е без спикер, што значи дека законодавците не се во можност да одговорат на војните на Блискиот Исток и Украина

Американскиот конгресмен Том Емер се откажа од својата кандидатура да го води Претставничкиот дом само неколку часа откако неговите колеги републиканци го номинираа.

Законодавците Кевин Херн и Мајк Џонсон, кои и двајцата загубија од Емер на партиско гласање зад затворени врати претходно денес, изјавија дека повторно влегуваат во трка за спикер откако Емер се откажал.

Спикерското место на Претставничкиот дом е празно од 3 октомври кога законодавецот Кевин Мекарти стана првиот спикер кој беше сменет од својата позиција.

Осум републиканци се приклучија со сите 212 демократи во Претставничкиот дом за тој глас.

Десничарската фракција на Републиканската партија беше незадоволна од Мекарти што усвои краткорочна континуирана резолуција со која се финансира владата за да ја задржи отворена по крајниот рок на 30 септември.

Откако беше тргнат Мекарти, републиканците во Претставничкиот дом не беа успешни да се здружат околу замена.

Тие најпрво го номинираа конгресменот Стив Скализ од јужната сојузна држава Луизијана, но Скализ се откажа од натпреварот кога сфати дека не може да го собере мнозинството од 217 гласови потребно за целосно гласање во Претставничкиот дом.

Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, но толку мала предност што секој кандидат може да си дозволи само да изгуби четири републикански гласови од другите кандидати за спикери и сепак да преовладува.

Републиканската законодавна група потоа му даде предност на конгресменот Џим Џордан од средозападната сојузна држава Охајо.

Џордан е цврст поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Но, тој , исто така, не успеа да добие мнозинство од 217 гласови во Претставничкиот дом, а потоа го изгуби теренот на две последователни гласања.

Потоа, републиканските законодавци на тајно гласање во рамките на нивната законодавна група го отфрлија Џордан како нивен избор за претседател и го отворија натпреварот за секој што сака да се кандидира за функцијата.

Републиканската внатрешна пресметка ја остави улогата на спикер неисполнета, поради што Претставничкиот дом не може да одговори на клучните буџетски прашања и на војните на Блискиот Исток и во Украина.

17 ноември е краен рок за решавање на буџетските прашања пред да стапи на сила делумното затворање на владата.

Спикерот на Претставничкиот дом на САД е втора по ред фукција веднаш зад претседателот.

Дел од информациите се од Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG