Линкови за пристапност

Републиканците го избраа конгресменот Том Емер за кандидат за спикер


17 ноември е краен рок за решавање на буџетските прашања пред да стапи на сила делумното затворање на владата
17 ноември е краен рок за решавање на буџетските прашања пред да стапи на сила делумното затворање на владата

Републиканскиот конгресмен Том Емер денес стана третиот кандидат на неговата партија за спикер на Претставничкиот дом на САД за три недели, додека законодавците се борат да пополнат една од највисоките лидерски улоги во американската влада.

Спикерското место на Претставничкиот дом е празно од 3 октомври кога законодавецот Кевин Мекарти стана првиот спикер кој беше сменет од својата позиција.

Осум републиканци се приклучија со сите 212 демократи во Претставничкиот дом за тој глас.

Десничарската фракција на Републиканската партија беше незадоволна од Мекарти што усвои краткорочна континуирана резолуција со која се финансира владата за да ја задржи отворена по крајниот рок на 30 септември.

Откако беше тргнат Мекарти, републиканците во Претставничкиот дом не беа успешни да се здружат околу замена.

Тие најпрво го номинираа конгресменот Стив Скализ од јужната сојузна држава Луизијана, но Скализ се откажа од натпреварот кога сфати дека не може да го собере мнозинството од 217 гласови потребно за целосно гласање во Претставничкиот дом.

Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, но толку мала предност што секој кандидат може да си дозволи само да изгуби четири републикански гласови од другите кандидати за спикери и сепак да преовладува.

Републиканската законодавна група потоа му даде предност на конгресменот Џим Џордан од средозападната сојузна држава Охајо.

Џордан е цврст поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Но, тој , исто така, не успеа да добие мнозинство од 217 гласови во Претставничкиот дом, а потоа го изгуби теренот на две последователни гласања.

Потоа, републиканските законодавци на тајно гласање во рамките на нивната законодавна група го отфрлија Џордан како нивен избор за претседател и го отворија натпреварот за секој што сака да се кандидира за функцијата.

Емер имаше најголема поддршка во предвременото гласање. Тој ја претставува средозападната сојузна држава Минесота од 2015 година.

Републиканската внатрешна пресметка ја остави улогата на спикер неисполнета, поради што Претставничкиот дом не може да одговори на клучните буџетски прашања.

17 ноември е краен рок за решавање на буџетските прашања пред да стапи на сила делумното затворање на владата.

Спикерот на Претставничкиот дом на САД е втора по ред фукција веднаш зад претседателот.

Поврзано

XS
SM
MD
LG