Линкови за пристапност

Претставничкиот дом не успеа во првиот круг на гласање да избере нов спикер


Џордан, близок сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, освои 200 гласа - многу помалку од потребните 217 - додека 20 републиканци гласаа против него.
Џордан, близок сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, освои 200 гласа - многу помалку од потребните 217 - додека 20 републиканци гласаа против него.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес не успеа во вторник напладне, во првиот круг на гласање, да избере нов спикер, со оглед на тоа што ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство гласови.

Републиканското мнозинство за таа позиција го номинираше конзервативниот конгресмен од Охајо, Џим Џордан, но тој не успеа да добие доволно поддршка од своите колеги во првиот круг.

Се очекува гласањето да продолжи по паузата.

Џордан, близок сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, освои 200 гласа - многу помалку од потребните 217 - додека 20 републиканци гласаа против него. Сите 212 демократи гласаа за нивниот лидер Хаким Џефрис.

Со оглед на тоа што републиканците имаат тесно мнозинство, Џордан може да изгуби само неколку гласови на републиканците.

Конзервативците во долниот дом на американскиот Конгрес водеа интензивна кампања за да ги убедат своите колеги да го поддржат Џордан, член на тврдата струја во Републиканската партија, кој ќе го замени сменетиот Кевин Мекарти како претседател на Домот.

Џордан, претседавач на конгресната комисија за правосудство, доби најголем број одобрувања за претседателството на тајно гласање во петокот, но вториот круг на гласање покажа дека повеќе од 50 републиканци ќе гласаат против конзервативниот конгресмен пред целосниот состав на Конгресот.

XS
SM
MD
LG