Линкови за пристапност

Скализ ќе се обиде да обезбеди поддршка за да стане спикер на Претставничкиот дом


58-годишниот Скализ ја доби поддршката на републиканците примарно од долгогодишни членови и етаблирани политичари на партијата.
58-годишниот Скализ ја доби поддршката на републиканците примарно од долгогодишни членови и етаблирани политичари на партијата.

Законодавците во Претставничкиот дом на САД треба да се состанат во четврток, бидејќи републиканецот Стив Скализ се соочува со тест дали може да добие доволно поддршка од неговата партија за да стане следниот претседател на Претставничкиот дом.

Републиканците го номинираа Скализ на гласањето зад затворени врати во средата да биде нивниот избор да го замени поранешниот претседател на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, кој беше сменет минатата недела.

Тој победи на внатрепартиското гласање со 113-99, победувајќи го претседателот на Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом Џим Џордан.

58-годишниот Скализ ја доби поддршката на републиканците примарно од долгогодишни членови и етаблирани политичари на партијата.

Скализ сега мора да добие поддршка од целиот состав на Претставничкиот дом, каде што републиканците имаат тенко мнозинство од 221 спрема 212, што значи дека ќе треба да се обединат зад кандидатот за да го достигнат потребниот праг за просто мнозинство за да изберат претседател.

XS
SM
MD
LG