Линкови за пристапност

Конгресменот Џим Џордан од Охајо изрази интерес за спикер на Претставничкиот дом


Американскиот Конгрес се соочува со превирања во време кога Претставничкиот дом е парализиран поради отстранувањето на неговиот спикер, Кевин Мекарти, а закодавците се соочуваат со рок од шест недели да усвојат буџет за трошоците, и да избегнат делумно затворање на владата.

Недостигот на функционален Претставнички дом и изгледите за губење повеќе денови за идентификување и избирање на кандидат за спикер кој може да добие доволно поддршка, остава во неизвесност неколку важни предизвици за трошоците, вклучително и оние кои обезбедуваат странско воено финансирање, меѓународна хуманитарна помош и напори да се спротивстави на влијанието на Кина.

Законодавците во Домот со републиканско мнозинство не се очекува да одржат дополнителни гласања оваа недела.

Наместо тоа, републиканците ќе разговараат за тоа кој би можел да ја води тесно поделениот Дом, низ период кој ќе бара договор не само меѓу себе, туку на крајот и со Сенатот предводен од демократите.

Конгресменот Џим Џордан од Охајо, конзервативен, и познат по честото исмевање на опозициските демократи, рече дека ќе се кандидат за иден спикер, а веројатно ќе следат и други републикански законодавци.

Неодамнешната историја сугерира дека изборот на нов спикер, можеби не е брз процес.

На поранешниот спикер Кевин Мекарти, кој беше сменет во вторникот, му беа потребни 15 круга на гласање во јануари за да ја добие функцијата. Тој мораше да направи неколку отстапки за конзервативците во неговата партија, вклучително и прописите, според кој, еден закодавец може да повика на гласање за негово отстранување од претседателската функција.

Републиканскиот конгресмен Мет Гаец го поднесе предлогот за гласање во понеделникот, изразувајќи фрустрација за лидерството на Мекарти откако тој не го усвои предлог- законот за владино финансирање минатата недела со конзервативни приоритети за трошење.

Тенкото републиканско мнозинство во Претставничкиот дом значеше дека на Гаец му требаа само неколку републиканци да гласаат заедно со едногласниот блок на демократите за да го соборат Мекарти во гласањето 216-210.

Ова беше прв пат во историјата на САД, законодавци, кои се членовите на Претставничкиот дом од мнозинската партија, да гласаат за отстранување на спикерот.

XS
SM
MD
LG