Линкови за пристапност

Компјутерска симулација помага за економично користење на реките


Компјутерска симулација помага за економично користење на реките
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Климатските промени ги прават резервите на вода понепредвидливи долж реките во светот. Сè поголем предизвик е да се управува со зголемените барања на градовите, фармите и генераторите на хидроенергија. Компјутерските симулации им помагаат на менаџерите за вода да носат одлуки. Мет Дибл има детали.

Сет од брани, акумулации и правни договори ја претворија реката Колорадо во многу сложен воден систем кој поддржува над 40 милиони луѓе на американскиот Југозапад.
Седум сојузни држави, две мексикански држави и 30 племенски нации имаат право на водите на реката.

Системот зависи од прецизните временските испуштања од двата најголеми резервоари во САД, езерото Мид и езерото Пауел. Екстремите во климатските промени го прават управувањето со реките уште поделикатно.

Едит Загона го води тимот на Универзитетот во Колорадо кој го разви River-Ware, програма која анализира како реката ќе функционира под различни сценарија.

„Извршивме сондажа и ги анализиравме физичките процеси, но исто така и податоците поврзани со езерото Пауел“, вели Загона.

Предвидувањата за климата, стапките на испарување, производството на енергија - и сите други фактори кои влијаат на реката се вклучени во моделот.

Федералната агенција што управува со реката го користи RiverWare за да спроведе сценарија, како на пример како ќе функционира напојувањето на реката во лоша суша година.

„Дали може да се потпреме на езерото Пауел да обезбеди вода за оние многу сиромашни корисници, која им е неопходна“, додава Загона.

Понекогаш е многу тешко да ги натерате сите корисници на вода да се договорат за тоа како да ја користат најекономично.

Повеќето засегнати страни сега користат RiverWare, а заедничката платформа помогна да се олеснат некои тешки прашања во преговорите.

„Ако можеме барем да се согласиме околку фактичката состојба - кога почнавме да работиме со Мексико, тие имаа свој систем за напојувањето, а ние, имавме наш. Почнавме заедно да го бараме најдобриот модел. Важно е“, вели Џенифер Гимбел од Центарот за управување со реката Колорадо.

Овој софтвер исто така им помага на носителите на одлуки за користење на водата од други реки, од Колумбија до Нил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG