Линкови за пристапност

Кои се очекувањата од првата дебата Бајден - Трамп?


Кои се очекувањата од првата дебата Бајден - Трамп?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп се соочуваат в четврток на прва дебата. Војната во Украина се очекува да биде едно од главните прашања во надворешната политика. Татјана Ворожко од Гласот на Америка ги има деталите.

Џо Бајден и Доналд Трамп се согласуваат за потребата да се стави крај на војната во Украина, иако експертите за надворешна политика велат дека Трамп бил помалку конкретен - како да се случи тоа меѓу рускиот лидер Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во овогодинешната политичка битка во Конгресот за усвојување на помошта за Украина, Трамп рече дека помошта треба да биде на заеми, а не грантови.

Трамп вели дека Европа треба да учествува со поголем дел од финансиската помош за Украина.

Но, ако биде реизбран, Трамп нема да сака се гледа како некој што ја изгубил таа војна, вели поранешниот амбасадорот на САД во Украина Џон Хербст.

Републиканската партија на Трамп е поделена во врска со Украина, при што некои законодавци ја гледаат војната како голема безбедносна закана по САД, а други, пак, велат дека тоа е одвлекување на вниманието.

Како претседател, Бајден ја предводи меѓународната коалиција која ја координира воената помош за Украина со повеќе од 175 милијарди долари од САД.

Тој вели дека Америка ќе застане против неправедната и неиспровоцирана агресија, онолку долго, колку што е потребно.

Бајден делумно ги отстрани ограничувањата за Украина да користи оружје на САД против воени мети во Русија.

Таа посветеност значи дека политиката во евентуалниот втор мандат на Бајден најверојатно ќе се преслика од првиот, со поголема слобода за зголемен економски притисок врз Русија, вели професорот на Католичкиот универзитет на Америка, Мајкл Кимиџ.

Разликите на кандидатите околу Украина ги одразуваат нивните различни пристапи кон Кремљ, при што Трамп сака да ги подобри врските со Москва, а Бајден продолжува да се залага за изолирање на Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG