Линкови за пристапност

Која е Уша Венс, сопругата на републиканскиот кандидат за потпретседател?


Која е Уша Венс, сопругата на републиканскиот кандидат за потпретседател?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп го избра сенаторот Џеј-Ди Венс за изборен соиграч. Венс за време на студиите на Јеил, ја запознал сопругата Уша. Таа е ќерка од прва генерација на индиски имигранти, која неодамна ја напушти работата во позната адвокатска канцеларија. Известува Дора Меквар. .

Триесет и осумгодишната Уша Венс влезе во центар на внимание на национално ниво кога го претстави својот сопруг Џеј-Ди Венс на Националната конвенција на републиканците.

„Го запознав Џеј-Ди на правен факултет брзо откако дојде од Охајо“, рече Уша Венс.

Ќерка на индиски имигранти, Уша Чилукури била родена во Калифорнија и израснала согласно индиската религија. Со мешана верска церемонија, таа и Венс стапиле во брак во 2014 година.

„Пораснав во Сан Диего во заедница од средна класа, со двајца љубезни родители, двајцата имигранти од Индија“, рече Уша Венс.

Родителите на Уша Венс се академици, како и нејзината пратетка, професорка по физика во Индија, кои се многу горди на достигнувањата на Уша Венс.

„Се чувствувам многу горда затоа што од моето семејство излезе голем интелектуалец“, вели Си Сантама, пратетка на Уша Венс.

Според информациите од адвокатската фирма каде работела, Уша Венс била дел од работилницата за пристап до слобода на медиумите во Јеил. Таму работела и на проект за помош на ирачките бегалци. Работела и кај судијата на Врховниот суд Џон Робертс и кај судијата Брет Кавана, кога тој бил во Апелациониот суд.

Анита Мекбрајд, која некогаш беше шеф на кабинетот на првата дама Лора Буш, вели дека луѓето кои ја познаваат Уша Венс имаат голема почит за неа.

„Многу паметна, многу колегијална, се согласуваше со сите и едноставно е вреден работник и добра личност. И сакате да слушнете такви работи за луѓето кои можеби се во јавниот живот. Мислам дека тоа кажува нешто за нејзиниот карактер штом им се допаѓа“, вели Мекбрајт.

Статусот на Уша Венс како дете на имигранти може да помогне гласачите од маргинализираните групи да го видат нејзиниот сопруг во ново светло.

„Се прилагоди на мојата вегетаријанска исхрана и научи да готви храна за мајка ми - индиска храна“, раскажа Уша Венс.

„Таа е како потврда за него кај потенцијално различни заедници кои можеби не мислат дека Џеј-Ди Венс ќе ги разбере или дека ги поддржува или се залага за нив“, вели Кели Дитмар од Универзитетот Рутџерс.

Што може да очекува мајката на три деца сега кога е ставена во центарот на вниманието?

„Навистина ги издвојувате вашето потекло, образование, работните места што сте ги избрале. Сега сè е фер игра“, додава Мекбрајт.

Џеј-Ди Венс вели дека неговата сопруга „не е многу политичка личност“. Таа е во кампања со него, откако поднесе оставка од нејзината адвокатска канцеларија, кога нејзиниот сопруг стана потпретседател на Доналд Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG