Линкови за пристапност

Клучната улога на украинската железница во време на војна 


Клучната улога на украинската железница во време на војна 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

Во текот на две години откако Русија ја нападна Украина, украинските железници станаа клучно превозно средство во земјата. Со преку 22.000 километри, државната железничка мрежа продолжува да работи и покрај постојаните штети од гранатирањето. Лесија Бакалец има детали од Киев

Веднаш по инвазијата на Русија во Украина во февруари 2022-ра, централната железничка станица во Киев стана место на болка и страв додека Украинците бегаа од главниот град пред напредувањето на руската армија.

Кондуктерот на Украинските железници Олег Кобецки беше на одмор во западна Украина кога Русија ја почна својата целосна инвазија. Одлучил, да се врати во Киев.

„Бев шокиран, но сфатив дека сум потребен. Луѓето требаше да бидат евакуирани. Искрено, беше толку страшно да се видат сите овие луѓе на платформата: децата врескаат, родителите урлаат. Во секој вагон имаше по 180 луѓе“, вели Кобецки.

Кобецки заминал на исток и југ од земјата, блиску до линијата на фронтот, евакуирајќи цивили и помагајќи во транспортот на ранетите со специјален медицински воз.
Тој вели дека секогаш се труди да понуди најдобра услуга за украинските војници.

„Се обидувам да им го направам патувањето што е можно поудобно. Можам дури и да готвам за нив. И мојот син е на фронтот, како и сите моите роднини“, додава Кобецки.
Во текот на изминатите две години, „Украинските железници“, евакуирале најмалку 4 милиони луѓе. Кобецки, заедно со неговите колеги, никогаш не одбил да биде до првите линии на фронтот.
Нивната храброст им го донесе епитетот: „Железни луѓе“.

„Нема случај кога кондуктер, машиновозач, вработен на железничка станица одбил да оди на работа“, вели Олександар Шевченко, портпарол на Украинските железници.

Од почетокот на војната, руската армија постојано ја гранатира железничката мрежа. Околу 600 железничари се убиени, а повеќе од 1500 се ранети. Многумина се и мобилизирани како војници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG