Линкови за пристапност

Ќе придонесат ли американските разговори со Хамас до ослободување на сите израелски заложници?


Преговарач за заложници од администрацијата на Трамп ги нарече „корисни“ неговите неодамнешни состаноци со претставниците на терористичката група Хамас. Разговорите биле фокусирани на ослободувањето на американско-израелскиот заложник кој го држи Хамас. Известува Араш Арабасади.

Илјадници демонстранти во Израел овој викенд се собраа пред Министерството за одбрана во Тел Авив.

Тие побараа од израелската влада посредник да склучи договор за ослободување на заложниците со Хамас.

Во Вашингтон минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација за прв пат одржала директни разговори со Хамас, што е отстапување од долгогодишната политика на САД да не преговара со терористи.

„Водиме разговори со Хамас. Ние му помагаме на Израел во тие дискусии, бидејќи зборуваме за израелски заложници. Ние не правиме ништо во однос на Хамас. Не даваме пари… Всушност, извлеков 59 заложници, а не дадовме ништо. За 59 не дадовме ништо“, рече Трамп.

Во неделата наутро, поддржувачите и роднините на заложниците поставија шатори пред Министерството за одбрана на Израел.

Нивната порака беше јасна: нема нови конфликти со Хамас; само обезбедете договор за ослободување на заложниците.

„Десетици луѓе кои се тука со нас, имаат порака до владата: немојте повторно да влегувате во Газа... Прекинете ја оваа војна и вратете ги сите заложници дома“, истакна Ајала Метцгер, роднина на загинат заложник.

Претходните денови, преговарач од администрацијата на Трамп се сретна со Хамас за да разговара за договорот за ослободување заложници, нарекувајќи ја средбата „многу корисна“.

„Мислам дека нешто може да се направи за неколку недели. Ќе кажам само дека верувам и дека има простор да се направи договор помеѓу она што Хамас го сака и она што тие го прифатија, и она што Израел го сака, и тоа е прифатливо. Мислам дека постои договор каде што тие можат да ги извлечат сите затвореници, не само Американците“, рече американскиот преговарач Адам Болер.

Во меѓувреме, за Палестинците во Кан Јунис во Газа, недостигот на основни потреби продолжува.

Израел воведе целосна блокада на сите стоки што влегуваат во енклавата - вклучително храна, гориво и лекови - додека Хамас не ги ослободи преостанатите 59 заложници што сè уште се држат во Газа.

Луѓето овде велат дека чекаат со часови за да добијат леб, бидејќи веќе нема струја ниту огревно дрво за готвење.

Израел вели дека планира да испрати делегација во Катар за да ги унапреди преговорите со египетските и катарските посредници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG