Линкови за пристапност

Ќе останат ли даночните олеснувања за купување електрични возила во САД?


Ќе останат ли даночните олеснувања за купување електрични возила во САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Најновите понуди за електрични возила заземаат централно место на Саемот за автомобили во Чикаго во 2025 година, откако некои федерални даночни олеснувања би можеле да завршат. Известува Кејн Фарабо.

Звучи како мотор и можеби се чувствува како мотор. Но, она што го придвижува новиот Доџ Чарџер воопшто не е мотор со внатрешно согорување.

Тоа е целосно електрично возило, но звукот и мирисот на гумите се реални, додека издувните гасови се вештачки.

„Мислам дека ќе заборавите дека е електрично возило“, вели Рајан Нагоде, потпретседател за внатрешен дизајн во Стелантис, компанијата сопственик на брендот Доџ.

Чарџер долго време е икона од ерата на американските мускулни автомобили на бензин. Нагоде вели дека неговата електрична верзија, со одредени модели кои надминуваат 60.000 долари, е предизвик за Доџ.

„Знаеме дека во тој правец се движи светот. Потребно е време“, додава Нагоде.

Даночниот кредит до 7.500 американски долари - дел од Законот за намалување на инфлацијата на администрацијата на Бајден од 2022 година - помогна да се направат скапите електрични возила произведени во Америка подостапни. Но, претседателот Доналд Трамп, сигнализираше планови за прекин на кредитот. Нагоде вели дека тие стимулации не биле главен фактор во развојот на електрични возила во компанијата.

„Имате различни клиенти за ова возило. Тоа не е нивната прва или основна мисла“, посочува Нагоде.

И покрај тоа, стимулациите помогнаа да се поттикне порастот на купувањето на вакви возила минатата година во САД, објави Кокс Аутомотив, со околу 1,3 милиони продадени нови возила, што е зголемување од 7,3 отсто во однос на продажбата во 2023 година.

„Тојота има 19 електрифицирани возила. Хибрид, плаг-ин хибрид, електрични возила во комбинација со гориво или само електрични возила“, вели Мет Тројер, специјалист во јапонскиот производител на автомобили Тојота.

„Речиси 30 проценти од она што го продаваме сега е некој вид на електрифицирано возило“, посочува Тројер.

Ниту еден од нив не се квалификува за тековниот федерален даночен кредит. Единственото целосно електрично возило на Тојота во Северна Америка, Би Зи Фор Екс, исто така не се квалификува бидејќи е произведено надвор од САД. Во декември, Тојота објави дека ја намалува цената до 6.000 долари.

„Гледаме дека електричните возила стануваат поевтини“, вели Мега Лакчаура, службеник за електрични возила за Илиноис, која продолжува со државниот попуст од 4.000 долари за купување целосно електрично возило.

Таа ѝ се придружи на Мелиса Вашингтон, потпретседателка во снабдувачот со енергија Ком-Ед, на прес-конференција на автомобилскиот саем.

„Имаме грант од 100 милиони долари што ќе биде достапен во 2025 година за клиентите да купат електрични возила, и тоа ќе биде за сите клиенти, нашите резиденцијални клиенти, нашите комерцијални клиенти и нашите клиенти од јавниот сектор“, вели Вашингтон.

И, додека неизвесноста ја опкружува иднината на федералните стимулации за купување електрични возила, Троер вели дека клиентите се повеќе се фокусирани и на другите придобивки.

„Поевтино е за возење, за одржување, но тие исто така се грижат и за животната средина“, вели Тројер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG