Линкови за пристапност

Кеш Пател е изборот на Трамп за прв човек на ФБИ


Кеш Пател е изборот на Трамп за прв човек на ФБИ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Кеш Пател е изборот на Трамп за прв човек на ФБИ. Пател ги налути противниците велејќи дека ќе го затвори седиштето на бирото во Вашингтон, ќе ги намали овластувањата за следење на ФБИ и ќе го намали обемот на разузнавачките операции на бирото.  Известува Џеф Селдин.

Тоа беше најава што изненади многумина - директорот на ФБИ Кристофер Вреј, им кажа на вработените дека ќе се повлече кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.

„Ова е најдобриот начин да се избегне да се вовлече бирото подлабоко во кавгата“, рече Вреј.

И тој кажа некои последни наредби.

„Она што апсолутно, позитивно не може, не смее да се промени е нашата посветеност да ја правиме вистинската работа, на вистински начин, секојпат“, посочи Вреј.

Но, промената доаѓа. Кеш Пател – избран од Трамп да го води ФБИ дури и пред Вреј да ги објави плановите да го скрати својот 10-годишен мандат – се среќава со законодавците за да осигура потврда.

44-годишниот Пател е поранешен јавен бранител и федерален обвинител кој служел како советник за национална безбедност и во Пентагон за време на првиот мандат на Трамп.

„Мислам дека она што навистина го прави привлечен за Трамп е тоа што го виде она што тој го мисли. Претседателот Трамп мисли дека има злоупотреби во Одделот за правда, ФБИ, истраги што можеби не требале да бидат“, смета Џон Фортиер од Американскиот Ентерпрајз институт.

Нешто што Пател е подготвен да го каже гласно.

„Чест ми е што сум овде во поддршка на Доналд Трамп. Тој е жртва, но ние како држава сме уште поголема жртва на злоупутреба на правдата“, истакна Пател.

Пател ги налути противниците велејќи дека ќе го затвори седиштето на бирото во Вашингтон, ќе ги намали овластувањата за следење на ФБИ и ќе го намали обемот на разузнавачките операции на бирото.

Тој, исто така, повика на „уништување на бирократијата“ и во својата книга од 2023 година, наведе 60 функционери кои не се согласуваат со Трамп.

„Некои од промените што можеби сака да ги направи, може да ги направи со порака или со некои промени кај вработените. Но, ако навистина сака да ги направи овие значајни промени, тоа ќе бара повеќе работа од извршната и законодавната гранка, нешто што трае малку подолго, што не може да го направи сам“, додава Фортиер.

Кеш Пател, според Трамп, е човекот што барем ќе ги започне промените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG