Линкови за пристапност

Каква политика ќе води Трамп кон Иран?


Каква политика ќе води Трамп кон Иран?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

За време на неговиот прв мандат, Трамп го постави на Иран санкции кои го задушија неговиот извоз на нафта но, и во воздушен напад беше елиминиран висок ирански воен командант. Каква политика ќе води Трамп во новиот мандат кон Иран? Анализа на Мајкл Липин.

За време на кампањата оваа година, тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп даде неколку коментари кон Иран, американскиот непријател, кого го таргетираше со економски и воен притисок во неговиот прв мандат.

„Не сакам да бидам лош кон Иран. Ќе бидеме пријателски настроени со Иран, се надевам. Можеби. Можеби не. Но, во секој случај тие не смеат да поседуваат нуклеарно оружје“, рече Трамп во предизборието.

Исламистичките владетели на Иран оваа година предупредија дека би можеле да се откажат од долгогодишното ветување да се воздржат од развој на нуклеарно оружје доколку постои надворешна закана за нивниот опстанок.

Во својот прв мандат, Трамп се повлече од договорот од 2015 година што Иран го склучи со светските сили за да ја намали својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Трамп рече дека бара нов договор кој би бил построг за Техеран.

Еден новинар го праша во септември дали сè уште сака да преговара.

„Секако, јас би го направил тоа. Мораме да се договориме, бидејќи последиците се невозможни“, одговори Трамп.

Во октомври, подкастер го праша Трамп дали сака да ги замени иранските исламистички владетели со монархијата што ја соборија во 1979 година.

„Не можеме целосно да се вклучиме во сето тоа. Не можеме сами да се бориме, треба да се соочиме со тоа“, беше ставот на Трамп.

Трамп употреби поостра реторика како одговор на иранскиот напад со балистички ракети на 1-ви октомври врз Израел. Тој истакна дека претседателот Џо Бајден им рекол на новинарите дека Израел не треба да се одмаздува врз иранските нуклеарни локации.

„Реков: Мислам дека тој греши, зарем тие не треба да бидат погодени? Но, кога му го поставија тоа прашање, одговорот требаше да биде „прво удрите врз нуклеарното оружје, а останатото подоцна'“, посочи Трамп.

За време на неговиот прв мандат, Трамп го постави на Иран санкции кои го задушија неговиот извоз на нафта но, и во воздушен напад беше елиминиран неговиот висок воен командант Касем Сулејмани во Багдад.

За време на овогодинешната кампања тој не кажа дали повторно ќе користи такви алатки. Но, неговиот номиниран за државен секретар, сенаторот Марко Рубио, е силен застапник на тој пристап кон Иран.

Во неодамнешниот пост на „X“, Рубио напиша: „Само загрозувањето на опстанокот на режимот преку максимален притисок и директни и непропорционални мерки има шанса да влијае и да ги промени нивните криминални активности“.

Меѓу тие активности се, како што вели американскиот Оддел за правда, спречен заговор во кој Иран регрутирал Авганистанец за да организира атентат на Трамп пред денот на изборите.

Техеран негираше вмешаност, но изборот на Трамп за советник за национална безбедност рече дека Иран треба да се соочи со последиците.

„Треба јасно и гласно да испратиме порака дека тоа е црвена линија што никогаш нема да се толерира за сите наши противници и дека ќе има огромни последици. Мораме да го вратиме одвраќањето“, рече републиканецот Мајкл Валц.

Она што не го знаеме за пристапот на новоизбраниот претседател Трамп кон Иран е каков вид на нов договор тој бара и што би направил доколку не може да го постигне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG