„Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, односно од прва класа од сите примероци што се земени, микробиолошки квалитетот е одличен“, вели Сашо Точков - директор на Центар за јавно здравје во Охрид.
Ова го покажуваат анализите кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, откако зеде примероци на вода од 39 локации долж целото крајбржје. Тоа значи дека на почетокот на туристичката сезона, туристите и локалните жители, без грижа ќе можат да се капат во езерото. Но искуствата од минатите години, покажуваат дека нештата можат да се променат, со зголемувањет на бројот на капачи, во месеците јули и август.
Испуштањето на нетретирани отпадни води доведува до еутрификација и загадување на Охридското Езеро. Иако во последните неколку години извршена е реконструкција на колекторскиот систем, сепак во минатите 20 години и сега, се издвојуваат минимални средства за заштита на еден од најскапоцените еко системи во Македонија. Присуството на фосфорот мора да се намали за 50 проценти, во спротивно под влијание на климатските промени, процесите на еутрификација ќе се забрзаат“.
Друг проблем кој останува е загадувањето со нафта и бензин, од пловните објекти, кои пловат низ езерото. Затоа велат од Центарот за јавно здравје Охридското Езеро, неможе бесконечно да трпи притисок од загадување.
Facebook Forum