Линкови за пристапност

Како со очила за подобар вид се зголемува производството на какао


Како со очила за подобар вид се зголемува производството на какао
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Новото истражување сугерира дека фармерите би можеле значително да го зголемат својот профит со едноставни очила за да го поправат слабиот вид. Но, милиони луѓе не можат да пристапат до таква здравствена заштита. Хенри Риџвел известува.

Одгледувањето какао е сложена задача. Земјоделците рачно ги опрашуваат растенијата – пренесувајќи ситни зрна полен од машки на женски цветови. Со години, 63-годишната сопственичка на фарма за какао Џулиет Адаи од Гана се борела со ослабен вид.

„Беше тешко да се работи околу мојата фарма - да се направи опрашување, кастрење“, вели Адаи.

Со помош на американската добротворна организација „Вижн Спринг“, Адаи набавила очила за да ѝ помогнат со слабиот вид. Таа вели дека тоа ѝ го променило работниот ден.

„Пред да ги земам очилата, можев да добијам 8 до 9 вреќи какао (годишно). Но, со очилата што ги имам, можев да работам на фармата и да добијам 12 вреќи. Така, тоа навистина ми ја подобри егзистенцијата“, додава Адаи.

„Вижн Спринг“ вели дека половина од фармерите на какао во регионот Асанти во Гана бараат очила за да им помогнат да го поправат видот.

Истражување спроведено во Бангладеш, од страна на добротворната организација и Универзитетот Квинс во Белфаст, покажа дека очилата можат да го зголемат приходот на руралните работници за една третина - од просечни над 35 американски долари месечно, на над 47 долари.

Само очилата чинат околу 6 долари.

„Многу скромната инвестиција за корекција на видот на земјоделците, занаетчиите и квалификуваните трговци, дава прилично голем поврат на инвестицијата во однос на приходот што тие можат да продолжат да го заработуваат. Тоа е една од ретките алатки за меѓународен развој што може да се искористи за да се зголеми приходот во земјоделските заедници што допрва треба да се користат“, посочува Ела Гудвин од „Вижнспринг“.

Земјоделката од Гана Џулиет Адаи кажа дека дополнителниот приход ѝ помогнал да плати за образованието на нејзиното семејство - помагајќи им за возврат да ја зголемат својата идна заработка. Истражувањето е објавено во списанието „Плос Уан“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG