Линкови за пристапност

Како ќе влијае одлуката за претседателски имунитет врз изборите во САД?


Како ќе влијае одлуката за претседателски имунитет врз изборите во САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:30 0:00

Претседателот Џо Бајден се изјасни против одлуката на Врховниот суд со која на поранешните претседатели им се дава имунитет од кривично гонење за какви било дејствија што спаѓаат во нивните службени работни должности. Анализа на Дора Мекуар.

Претседателот Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд дека поранешните претседатели не можат да бидат кривично гонети за какви било дејствија што спаѓаат во нивните службени работни должности, одлука поврзана со наводна вмешаност на поранешниот претседател Доналд Трамп во нападот на американскиот Конгрес на 6-ти јануари 2021 година.

„Американскиот народ мора да одлучи дали нападот на Доналд Трамп врз нашата демократија на 6-ти јануари го прави неподобен за јавна функција, на највисоката функција во земјата. Американскиот народ мора да одлучи дали прифаќањето на насилството на Трамп за да ја зачува неговата моќ е прифатливо“, рече Бајден.

Поранешниот претседател реагираше на одлуката на Врховниот суд на неговата веб-страница со споделување на објава на социјалните мрежи, за која се верува дека е неговата платформа Трут Сошал, во која се вели: „Врховниот суд целосно ги отфрли повеќето од обвиненијата против мене. Џо Бајден сега треба да ги отфрли своите „кучиња“. Нашата земја сега треба повторно да биде фокусирана на големината“.

Врховниот суд не го отфрли актуелниот случај за мешањето во изборите против Трамп. Тој е обвинет дека се обидел да ги поништи претседателските избори во САД во 2020 година, на кои победи Бајден.

Професорот по право во Чикаго-Кент, Харолд Крент, вели дека дејствијата на Трамп кои доведоа до 6-ти јануари опфаќаат и официјални и неофицијални дела - за кои Трамп може да биде кривично гонет.

„До тој степен што тој се однесуваше како приватен кандидат, тогаш неговите дела ќе се слеат со неофицијалните дела. Но, до степен до кој тој разговараше со потпретседателот за тоа што треба да направи во Сенатот, до степен до кој разговараше со Одделот за правда за тоа дали имало или не измами во гласањето, тогаш тој дејствуваше во службено својство“, вели Крент.

Настаните од 6-ти јануари беа спомнати само накратко за време на претседателската дебата во четвртокот на 27 јуни. Но, бунтот би можел да биде главен проблем за кампањата - ако кампањата на Бајден го притисне ова прашање, вели професорот за политички науки на Универзитетот Џорџ Мејсон, Дејвид Рамадан.

„Затоа го ставам акцентот за кампањата на Бајден за да се потсетат независните гласачи. Тоа е огромен проблем за нив. Ако не се потсетат на тоа, поминаа три години и луѓето почнуваат да забораваат и да се грижат за други работи“, вели Рамадан.

Со американското гласачко тело кое е толку поларизирано, независните гласачи се тие кои би можеле да пресудат на денот на изборите.

„Независните гласачи се единствените кои гласаат или за едните или за другите. Тие ќе бидат одлучувачи овие избори. Жените се на врвот на тој подвижен дел од електоратот, младите гласачи исто така, но тие не се сигурни гласачи“, додава Рамадан.

Случајот околу мешањето во изборите против Трамп веројатно продолжува - во понизок суд кој ќе донесе клучни одлуки за соодветните обвиненија во светлината на пресудата на Врховниот суд. Експертите велат дека е малку веројатно судење пред денот на изборите.

„Ова апсолутно ги одложува правните постапки и ако тоа беше целта на таборот на претседателот Трамп, тогаш тоа беше постигнато“, вели Крент.

Тоа ѝ препушта на кампањата на Бајден да одлучи дали 6-ти јануари ќе биде централно прашање на кампањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG