Како што војната меѓу Израел и Хамас трае веќе пет месеци, надежите за договор за прекин на огнот се зголемуваат.
Сепак, семеен форум на родители, заедничка израелска и палестинска непрофитна организација, составена од околу 700 луѓе кои ги загубиле своите најблиски во годините на конфликт, повикува на поинаква крајна цел - на помирување.
„Ние сме група од повеќе од 700 семејства кои сите изгубија член на потесното семејство во конфликтот. Ние работиме против насилство, за помирување и ставање крај на окупацијата“, вели Роби Дамелин од Родителскиот форум.
За Дамелин и другите членови на организацијата, нивната работа започнува со емпатија.
„Голем дел од работата што ја работиме е да разбереме зошто луѓето доаѓаат до точка каде што можат да се однесуваат на начин како што се однесуваа на 7-ми октомври. Ако сте дете кое расте во Газа, на околу 12 или 14 години, и на секои две години има војна и бомби, немате засолниште, начин да бегате и немате никаква надеж, каков возрасен човек ќе станете?“, прашува Дамелин.
Палестинецот Басам Арамин, исто така, член на семејниот форум, повика да се стави крај на насилството.
„Одмаздата, која е многу лесна, никогаш нема да реши ништо. Само ќе создадете друга жртва. Сам станувате убиец, а крвопролевањето ќе продолжи. Треба да го запреме овој круг на насилство, овој крвав круг“, категоричен е Арамин.
Амбасадата на Израел во Вашингтон не одговори на прашањето на Гласот на Америка за коментар за напорите за помирување.
Во февруари, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека и натаму се противи на палестинска држава.
Протести се одржуваат ширум светот: многумина бараат крај на сегашните непријателства и крај на окупацијата на Газа и Западниот брег, како и на оние кои го поддржуваат Израел и се борат против порастот на антисемитските инциденти.
Членовите на семејниот форум на родители едноставно сакаат да се стави крај на насилството.
Facebook Forum