Линкови за пристапност

Израелски воени резервисти почнуваат да одбиваат повици за служба


Израелски воени резервисти почнуваат да одбиваат повици за служба
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Израелски воени резервисти почнуваат да одбиваат повици за служба. Додека во Газа и во Либан војните се одолговлекуваат, товарот врз израелските резервисти се зголемува. Некои сметаат дека владата не се грижи за нив. Известува Линда Градстајн.

Макс Креш е меѓу 300 илјади израелски армиски резервисти кои се јавија на должност по минатогодишниот напа на Израел на 7-ми октомври. Тој служел неколку месеци како борбено медицинско лице на границата со Либан. Но, кај него почнале да се развиваат дилеми.

Кога неговата единица повторно била повикана пред неколку недели, на командантот му кажал дека нема да се појави.

„Ако продолжам да служам тоа ѝ помага и ѝ дава легитимитет на оваа ужасна и опасна влада која не доведе до оваа точка. Ова не беше лесен конфликт и продолжува да не биде лесен“, вели Креш.

Додека Израел ги продолжува борбите во Газа и во Либан, некои резервисти се повикани по трет или четврти пат. Тие ги оставаат семејствата и работата за да служат во армијата на 30 и 40 години возраст. Сега некои почнуваат да се колебаат под големиот товар на должноста како резервисти.

„Од резервистите навистина многу се бараше за изминативе 13 месеци на оваа војна заради тоа што Израел нема доволно војници. Мора да се потпира на резервисти кои се повикувани да служат за периоди подолги од кога било порано“, смета Јааков Кац од Еврејскиот народен институт за политика.

Како дел од општото протестно движење во Израел против владата, Креш и околу 130 армиски резервисти неодамна испратија писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во кое се вели дека нема да продолжат да служат доколку владата не стори повеќе за постигнување на примирје и договор за ослободување на заложниците во Газа.

Тие го обвинуваат Нетанјаху за заобиколување на таков договор со цел да остане на власт. И покрај неколку барања, ниту владата ниту армијата не не се согласија да коментираат по обвинувањата.

Друг резервист кој го потпиша писмото, Мајкл Офер Зив, вели дека се противи на многу од политиката на Нетанјаху, но се борел неколку месеци по седми и покрај недовербата. Но брзо потоа почнал да станува вознемирен.

„Многу бев загрижен за генералниот правец на социјалните медиуми во Израел и од коалицијата и владата кои зборуваат за одмазда во Газа, за збрижување и уништување на Газа - со употребата на таков јазик. Бев многу уплашен од формата што оваа армиска акција може да ја добие“, вели Офер Зив.

Пролонгирањето на војните во Газа и Либан исто така се одрази и на економијата на Израел.

Нов извештај најде дека околу 60 илјади бизниси може да бидат затворени до крајот на годината заради војните. Дури и кога резервистите ќе бидат ослободени од должност, тие може да немаат работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG