Терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври ги турна Израелците од нивниот кибуц на границата со Газа. Палестинските работници вработени, пак, во Израел се најдоа во безизлезна ситуација. Раскажува Селија Мендоза.
Неколку грмушки ги пречекуваат посетителите во домот во Кибуц Беери на 70-годишниот Рами Голд, ветеран на израелската армија. Тој ги преживеа терористичките напади на Хамас на 7 октомври, откако брзаше да го искористи своето воено искуство за одбрана неговата заедница.
„Секој прозорец што го гледате овде, сите овие се прозорци на засолништа за бомби и можете да го видите чадот што излегува од нив“, вели Рами Голд.
Безбедноста на кибуцот беше нарушена, а почнаа и евакуациите.
Според израелското Министерство за одбрана, приближно 125 000 израелски цивили учествуваат во националната програма за евакуација, од кои околу 50 000 се од северен Израел, а останатите се од југот.
Нападите на Хамас ги откорнаа и животите на луѓето од Газа кои работат во Израел. Владата до 2023 година издаде повеќе од 18 000 работни дозволи.
Муатез, кој не го открива своето презиме, е еден од тие кои имаат таква дозвола.
„Кога почна војната на седми октомври, на првиот ден дел од нас беа уапсени, а многу од мажите беа донесени овде, во Рамала. Јас сум еден од нив, и бидејќи се плашиме, нашите семејства останаа во Газа и не знаеме што да правиме. Ние само седиме тука“, вели Муатез.
Од 7 октомври, според Обединетите нации, 85% од населението во Газа или околу 1,9 милиони е внатрешно раселено. Сопругата и децата на четириесетгодишниот Муатез, не ги видел од средината на септември, кога тој отиде да работи во Израел градејќи засолништа за бомби, можност што тој ја негуваше.
Повеќе од три месеци подоцна, враќањето дома изгледа многу различно за секој човек, додека во Газа продолжуваат воените операции.
Facebook Forum