Линкови за пристапност

Израел урива децениски домови на Палестинци во Источен Ерусалим


Израел урива децениски домови на Палестинци во Источен Ерусалим
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:01 0:00

На стотици Палестинци во Источен Ерусалим треба да им бидат урнати нивните домови или да бидат иселени во корист на еврејските доселеници. Двете страни велат дека ги купиле своите домови легално. Линда Градштајн известува од Ерусалим.

Палестинецот Фахри Абу Диаб е роден пред 62 години во оваа куќа во областа Силван во Источен Ерусалим, во населбата наречена Бустан. Но, на почетокот на оваа година, израелските власти ја урнаа неговата куќа, велејќи дека е надградена без дозвола.

„Сега моите деца и внуци изнајмуваат куќи, а јас правам тука една соба со ходник и бања. Сега ми кажуваат дека целосно ќе ја рушат. Каде да одам? Немам каде да одам, ќе станам бездомник”, вели Диаб.

Абу Диаб вели дека тој и неговите соседи во Источен Ерусалим постојано се обидувале да добијат градежни дозволи, но Израел речиси секогаш ги одбива нивните барања. Тој вели дека Израел е подготвен да урне околу 100 куќи во неговото соседство. Десет веќе се урнати.

Израелската влада соопшти дека земјиштето ќе се искористи за изградба на археолошки парк.

Во друга населба на областа Силван, Батн Ал Хава, ситуацијата е посложена. јеменските Евреи се населиле овде кон крајот на 19 век, но се доселиле по арапските немири во 1930-тите години.

Според израелскиот закон, имотите во Ерусалим кои првично биле во еврејски раце може да се вратат на Евреи, дури и ако Палестинците кои ја купиле земјата мора да бидат иселени.

Палестинскиот активист од соседството Зухаир Раџаби вели дека неговиот дом е меѓу 87-те во соседството со налози за иселување бидејќи, како што вели Израел, имотот некогаш бил во сопственост на еврејска филантропска фондација за јеменските Евреи.

„Ги купивме куќите, не ги украдовме, имаме документи. Секое семејство овде има документ за купопродажба. Во мојот случај, татко ми ја купи оваа куќа во 1966 година и ние живееме тука од 1966 година. Бев шокиран во 2015 година кога јас и моите браќа ја добивме наредбата за иселување. За што?“, вели Раџаби.

Раџаби вели дека тој и неговите соседи често се малтретирани од околу 40 семејства на еврејските доселеници кои се преселиле во соседството, заштитени од чувари финансирани од владата. Тој вели дека еврејската доселеничка организација Атерет Коханим му понудила големи суми пари за да замине, но тој секогаш одбивал.

Од друга страна, претставниците на Атерет Коханим велат дека нема ништо незаконски во обидот да се купат имоти и повторно да се воспостави еврејско присуство во оваа област.

„Во основа, кралевите и пророците на еврејскиот народ - историјата и наследството - се одвиваа овде. Ова е центарот на Ерусалаим и центарот на еврејскиот свет”, тврди Даниел Луриа, од организацијата „Атерет Коханим“.

Израелските групи за човекови права се обидоа да ги одбранат Палестинците од Источен Ерусалим, кои сочинуваат речиси 40% од населението на градот, против наредбите за иселување и уривање на израелската влада. Групите велат дека овие напори против Палестинците биле засилени во текот на изминатата година, бидејќи фокусот на светот е на Газа.

„Наоѓаме начини да ги блокираме потезите на израелската влада, но нерамнотежата на моќта не е во наша полза”, вели Авив Татарски, активист од Ир Амим.

Во изминатата година на арапско-израелски конфликт на многу фронтови – Газа, Либан, Јемен и Иран – Ерусалим беше релативно тивок. Но, зголемениот број на уривања и иселувања на палестински куќи може да доведе до поголеми тензии во градот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG