Линкови за пристапност

Израел се соочува со можна суспензија од ФИФА


Израел се соочува со можна суспензија од ФИФА
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Војната на Израел во Газа придонесе некои критичари на израелската офанзива да повикаат на суспензија на еврејската држава од меѓународното фудбалско раководно тело ФИФА. Известува Јуни Салим. .

Меѓународното раководно тело на фудбалот ФИФА, треба да донесе одлука до 20-ти јули за предлогот за суспендирање на Израел од меѓународниот фудбал.

За време на конгресот на ФИФА во Бангкок во мај, палестинската делегација, поддржана од Азиската фудбалска конфедерација и други, повика на суспензија на Израел.

Џастинус Лаксана е фудбалски коментатор со седиште во Џакарта, Индонезија.

„Ако е можно, забраната треба да се воведе веднаш за Израел да ги прекине своите напади (во Газа)“, вели Лаксана и додава дека ФИФА суспендирала тимови и порано, последен пат во 2022 година.

„Пред ова, кога Русија влезе на украинска територија, територија на друга земја, Русија беше суспендирана“, посочува Лаксана.

Додека нешто повеќе од 140 од 193 земји на Обединетите нации ја признаваат Палестина како држава, палестинската фудбалска асоцијација е членка на ФИФА од 1998 година.

Делегацијата на Израел ги отфрли повиците за суспендирање на нивната фудбалска федерација како политички мотивирани и оти предизвикуваат поделби.

И некои аналитичари го доведуваат во прашање повикот да се суспендира Израел, а не други земји.

„Каде се дискусиите за Судан? Каде се дискусиите за Етиопија? Има многу други места во светот каде всушност, знаете, бројот на загинати е многу поголем“, прашува Мајкл Барнет од Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG