Линкови за пристапност

Израел и Хезболах ги засилија меѓусебните напади


Израелските воздухопловни сили пресретнаа беспилотно летало на Хезболах над северен Израел на 25-ти август 2024
Израелските воздухопловни сили пресретнаа беспилотно летало на Хезболах над северен Израел на 25-ти август 2024

Тензиите се засилија на Блискиот Исток вчера како што израелската војска и милитантите на Хезболах во Либан извршија стотици напади еден против друг, а потоа, додека баражот навидум заврши, ветија дека ќе ја продолжат борбата.

„Го напаѓаме Хезболах со изненадувачки, поразителни удари“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на владата.

„Ова е уште еден чекор кон промена на ситуацијата на северот и безбедно враќање на нашите жители во нивните домови“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Хезболах ги опиша своите повратни напади против Израел како прва фаза од одмазднички напади за израелскиот атентат минатиот месец во Бејрут на Фуад Шукур, командант на Хезболах, кој Израел го обвини за нападот во кој загинаа 12 деца и тинејџери на фудбалско игралиште.

Хезболах рече дека новите напади ќе таргетираат локации подлабоко во Израел, но дека „воените операции за денес се завршени“.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди две ударни групи на носачи на авиони да се позиционираат на Блискиот Исток, соопшти вчера Пентагон, зајакнувајќи го американското воено присуство во услови на регионални тензии.

Најавата, објавена во соопштението од повикот меѓу Остин и израелскиот шеф на одбраната Јоав Галант, претставува промена.

Деновите на разговори во обид да се постигне напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас завршија во неделата во Каиро без договор.

Висок американски функционер ги опиша разговорите како „конструктивни“ и рече дека разговорите со претставници на пониско ниво ќе продолжат во наредните денови за да се обидат да се надминат отворените прашања.

САД, Египет и Катар со месеци работат на обидот да постигнат договор, со фокус на повеќефазен прекин на огнот кој вклучува прекин на борбите, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, ослободување на палестинските затвореници од страна на Израел и зголемување на хуманитарна помош за Газа.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG