Линкови за пристапност

Израел го прифати предлогот на САД за примирје во Газа, вели Блинкен


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен се сретна со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати во Египет, 20 август 2024 година
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен се сретна со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати во Египет, 20 август 2024 година

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во Тел Авив доцна вчера дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифатил американскиот „предлог за премостување“ на договорот за прекин на огнот во Газа и дека треба да се согласи Хамас.

„Сега е обврска на Хамас да го стори истото“, а потоа со помош на посредниците Египет, Катар и САД „да се здружат и да го завршат процесот“, им рече Блинкен на новинарите, без да каже дали загриженоста наведена од Хамас била адресирана.

Во меѓувреме, израелската војска објави дека телата на шест заложници биле извлечени од Газа.

Деветтата посета на Блинкен на Блискиот Исток од избувнувањето на војната во Газа во октомври 2023 година дојде кога САД, Египет и Катар се обидоа да го финализираат договорот за прекин на огнот и ослободување заложници меѓу Израел и Хамас.

По Израел, Блинкен се упати кон Египет и Катар на понатамошни преговори. Разговорите треба да продолжат во Каиро оваа недела.

Блинкен рече дека дури и ако Хамас го прифати договорот, сè уште има „комплексни прашања“ кои бараат „тешки одлуки од лидерите“.

„Никогаш не се откажуваме“, рече Блинкен, запрашан дали времето за постигнување на договорот на крајот може да истече.

Тој одржа личен состанок со Нетанјаху два и пол часа.

Некои аналитичари беа скептични.

„Мислам дека се случуваат многу желби, и мислам дека желбата е затоа што влоговите сега се толку високи, бидејќи постои потенцијал овој конфликт да ескалира надвор од нејзините граници“, изјави за Гласот на Америка Мирет Мабрук, виш соработник на Институт за Блискиот Исток.

Портпаролот на израелската влада им рече на новинарите дека Нетанјаху „цврсто стои на принципот“ дека израелските одбранбени сили ќе одржат физичко присуство на границата меѓу појасот Газа и Египет, за да го спречат, како што го опишуваат, снабдувањето на Хамас.

Претходно Хамас го обвини Нетанјаху дека ги поткопува напорите на посредниците. Сами Абу Зухри, член на политичкото биро на Хамас, ги отфрли тврдењата дека знаците за напредок по дводневните разговори во Доха се „илузија“.

Постои зголемена итност да се постигне договор поради стравувањата од поширока регионална ескалација доколку Иран и неговиот либански посредник Хезболах му се одмаздат на Израел за атентатот на највисокиот оперативец на Хезболах во Бејрут и политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран.

Израел ја презеде одговорноста за нападот во Бејрут, но не и за оној во Техеран, иако се претпоставува дека тој го извршил.

Наташа Мозговаја од Гласот на Америка и Ким Луис придонесоа за овој напис. Некои информации се од Асошиетед прес, Франс- прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG