Линкови за пристапност

Иран вели дека одговорот на убиството на шефот на Хамас во Техеран ќе биде неизбежен и прецизен


Ужалени носи плакат на кој пишува „Газа е во крв од деца“ за време на ритуали на крајот на 40-дневната жалост по убиството на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, 25 август 2024 година
Ужалени носи плакат на кој пишува „Газа е во крв од деца“ за време на ритуали на крајот на 40-дневната жалост по убиството на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, 25 август 2024 година

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи му рекол на италијанскиот колега дека одговорот на Иран за минатомесечното убиство на политичкиот шеф на Хамас во Техеран „ќе биде неизбежен, прецизен и пресметан“.

Во изјавата на иранското Министерство за надворешни работи во понеделникот, во која се опишува телефонскиот повик меѓу Аракчи и италијанскиот министер за надворешни работи, исто така, се наведува дека Аракчи вели оти Иран не сака да ги ескалира тензиите, но не се плаши од тоа.

Иран го обвини Израел за атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, додека Израел ниту потврди ниту негираше вмешаност.

Убиството поттикна да се зголемат стравувањата од поширок регионален конфликт, паралено со војната меѓу Израел и Хамас, поддржан од Иран во појасот Газа, и секојдневните прекугранични борби меѓу израелските сили и милитантите на Хезболах поддржани од Иран во Либан.

Коментарите на Аракчи уследија по засилувањето на борбите меѓу Израел и Хезболах во неделата, во кои секоја страна изврши стотици напади.

„Ова е уште еден чекор кон промена на ситуацијата на северот и безбедно враќање на нашите жители во нивните домови“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Хезболах ги опиша своите повратни напади против Израел како прва фаза од одмазднички напади за израелскиот атентат минатиот месец во Бејрут на Фуад Шукур, командант на Хезболах, кој Израел го обвини за нападот во кој загинаа 12 деца и тинејџери на фудбалско игралиште.

Хезболах рече дека новите напади ќе таргетираат локации подлабоко во Израел, но дека „воените операции за денес се завршени“.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди две ударни групи на носачи на авиони да се позиционираат на Блискиот Исток, соопшти вчера Пентагон, зајакнувајќи го американското воено присуство во услови на регионални тензии.

Најавата, објавена во соопштението од повикот меѓу Остин и израелскиот шеф на одбраната Јоав Галант, претставува промена.

Деновите на разговори во обид да се постигне напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас завршија во неделата во Каиро без договор.

Висок американски функционер ги опиша разговорите како „конструктивни“ и рече дека разговорите со претставници на пониско ниво ќе продолжат во наредните денови за да се обидат да се надминат отворените прашања.

САД, Египет и Катар со месеци работат на обидот да постигнат договор, со фокус на повеќефазен прекин на огнот кој вклучува прекин на борбите, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, ослободување на палестинските затвореници од страна на Израел и зголемување на хуманитарна помош за Газа.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG