Линкови за пристапност

Израел ја обвини АП за прекршување на новиот закон за странски радиодифузери


Израел ја обвини АП за прекршување на новиот закон за странски радиодифузери
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00

По меѓународната осуда, Израел ја промени својата одлука да го прекине преносот во живо на Асошиетед прес за Газа. Акцијата доаѓа во време на зголемени предизвици за новинарите кои ја покриваат војната Израел-Хамас, велат аналитичарите. За Гласот на Америка известува Кристина Каиседо Смит.

Преносот во живо од Газа беше прекинат, бидејќи израелските власти запленија опрема од Асошиетед прес. Ова наиде на меѓународна осуда, а израелското Министерство за комуникации неколку часа подоцна го смени курсот и ја врати запленетата опрема.

Израел ја обвини Асошиетед прес за прекршување на новиот закон за странски радиодифузери во земјата со обезбедување содржина на забранетиот медиум Ал Џезира. Асошиетед прес го отфрли тврдењето.

Наредбата потпишана од министерот за комуникации Шломо Кархи беше осудена од Обединетите нации, Белата куќа и медиумските застапници.

Асошиетед прес продолжи со пренос во живо. Но, со оглед на тоа што Хамас сè уште држи израелски заложници и речиси три четвртини од 2,3 милиони жители на Газа се раселени, медиумските застапници велат дека на новинарите треба да им се дозволи да пренесуваат независни и проверени информации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG