Линкови за пристапност

Изборна трка на Харис и Трамп преку прашања за економијата


Изборна трка на Харис и Трамп преку прашања за економијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00

Остануваат уште помалку од 50 дена од овогодинешната претседателска трка во САД, кандидатите Доналд Трамп и Камала Харис водат кампања во клучните држави. Секој од нив изјавува дека имаат политики за зајакнување на економијата. Известува Скот Стернс.

Доналд Трамп вели дека работните места на работниците во автоиндустријата во Мичиген се загрозени од политиките за обновлива енергија на неговиот противник.

„Кина ќе го преземе целиот ваш бизнис поради електричните автомобили затоа што тие ги имаат материјалите за производство. Ние ги немаме. Она што имаме е нешто што се нарекува бензин. Имаме толку многу бензин, а не знаат што да прават“, вели Трамп.

Со оглед на тоа што мнозинството американски гласачи велат дека економијата и инфлацијата се нивните главни изборни прашања, кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс се обидува да ја поврзе загриженоста со состојбата со економијата меѓу гласачите со Камала Харис.

„Галопирачка инфлација. За тоа е заслужна Камала Харис. Ниту намирници не можете да си дозволите. Тоа е заслуга на Камала Харис. Домување е недостапно за младите американски семејства. Тоа е политиката на Камала Харис“, вели Џеј Ди Венс.

Економските предлози на Харис во оваа кампања вклучуваат даночни олеснувања за сопствениците на куќи кои купуваат дом прв пат, за идните родители и за сопствениците на мали бизниси. Таа неделава им рече на новинарите во сојузната држава Пенсилванија дека дел од подобрувањето на економијата на САД е надминување на поделбите.

„Дали цената на намирниците е сè уште превисока? Да. Имаме ли уште незавршена работа? Да. Верувам дека нудам нова генерација лидерство за нацијата, спротивно на обидите на некои да поттикнат страв, да создадат поделеност. Да ја завршиме работата што ќе донесе одредено ниво на оптимизам!“, рече Харис.

Трамп вели дека е оптимист за земјата, сè додека тој ја води. Вели дека економијата би била многу посилна денес - со построги царини за увозот, доколку тој бил реизбран во 2020 година.

Во последните денови од оваа кампања, Трамп продолжува да тврди, без докази, дека неговиот пораз на изборите во 2020 година бил наместен.

„Да не поминав добро во 2020 година, немаше ни да помислам пак да бидам во кампања. Но, гласањето беше феноменално за нас, а се случија лоши работи. Нема да дозволиме тоа да се повтори“, вели Трамп.

Кандидатот за потпретседател на Харис, Тим Волц, е поранешен наставник кој вели дека на Трамп му е тешко да го прифати поразот пред четири години.

„Мислам дека сум прилично добар учител и секогаш ќе им давам на моите ученици дополнителни шанси да научат. Понекогаш не си ја научил лекцијата од прв пат. Доналд Трамп не ја научи лекцијата првиот пат. Но, добрата вест е дека тој ќе ја научи лекцијата во ноември“, истакна Волц.

Харис и Волц се практично изедначени со Трамп и Венс во повеќето анкети на јавното мислење во седумте клучни сојузни држави кои ќе одлучуваат за оваа трка. Како што приближува денот на изборите, кампањите ќе ги насочат своите пари и фокус речиси исклучиво на тие држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG