Линкови за пристапност

Избори во Франција: Екстремната десница многу блиску до доаѓање на власт


Избори во Франција: Екстремната десница многу блиску до доаѓање на власт
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Екстремната десница во Франција никогаш не била поблиску до власт по победата во првиот круг од предвремените парламентарни избори. Екстремната десница може да ја преземе контролата врз владата. Известува Лиза Брајант. .

Се слави кај екстремно десничарскиот Национален собир - и неговата лидерка, Марин Ле Пен. Таа со години ја менува сликата на нејзината анти-имигрантска партија од расистичко маргинално движење во прифатлива политичка алтернатива.

Се чини дека нејзината работа се исплатеше - Националниот собир освои една третина од гласовите пред центристичката партија на претседателот Емануел Макрон и неговите сојузници, кои се пласираа на третото место, со нешто повеќе од 20 проценти.

Левичарскиот сојуз наречен Новиот народен фронт се најде на второ место, со приближно 28 отсто од гласовите.

Излезноста беше највисока во изминатите години, покажувајќи го влогот што многу гласачи го ставија на овие изненадувачки, предвремени избори. Изборите ги закажа Макрон три години пред предвиденото, по поразот откако екстремната десница ги доби изборите во Европскиот парламент минатиот месец.

Аналитичарите велат дека Макрон ја стави на коцка својата партија и неговите реформски планови кои можат да надвладеат, по неколку години застој во француското Национално собрание или Долниот дом.

Но, платформата на екстремната десница - борба против криминалот и илегалната имиграција е фокусирана и на грижите за трошоците на животот и економијата.

Претседателот на Националниот собир Џордан Бардела - веројатно следниот премиер на Франција, доколку неговата партија ги освои мнозинството места - ги повика гласачите да се обединат во вториот круг.

Но, не мислат сите така. Во избирачкиот центар во Париз, кој се смета за левичарско упориште, многу гласачи се вознемирени од можната победа на Националниот собир.

„Со нашата сегашна влада, веќе имавме некои десничарски политики, но тоа само ќе ги влоши работите. Особено во однос на правото на демонстрација, на правата на малцинствата и сè останато“, вели Матие Маге, гласач во Париз.

Емануела Конан нема да каже како гласала - но вели дека победата на Националниот собир ќе биде тешка за земјата. Кристин Пекар, пак, гласаше за сојузот на Макрон.

„Мислам дека тој покажа политичка храброст да ги истурка сите реформи што ги направи во последните седум години“, вели Пекар.

Во Париз и на други места во земјата, луѓето протестираа против екстремната десница по објавувањето на првите резултати. Левичарските политичари повикуваат на сојуз против екстремизмот.

Така е и со владејачката партија во Франција - и премиерот на Макрон, Габриел Атал. За да им даде шанса на главните партии, рече тој, неговата алијанса ќе се повлече од вториот круг на изборите во области каде што веројатно нема да победи.

Но, поделбите меѓу Макрон и левицата се големи. И, покрај напорите да се ограничат, постои шанса Националниот собир да се покаже како незапирлив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG