Линкови за пристапност

Истражување: Климатските промени ќе ги намалат просечните плати за една петтина


Истражување: Климатските промени ќе ги намалат просечните плати за една петтина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Просечните примања на луѓето ширум светот ќе се намалат за една петтина до средината на векот поради климатските промени, се вели во новиот извештај на Институт за истражување на климатските влијанија на Потсдам. Хенри Риџвел има повеќе.

На Филипини неодамна училиштата биле затворени оти на учениците и наставниците им било наредено да останат дома во услови на температури близу 40 Целзиусови степени.

Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со екстремни временски услови, новото истражување предупредува дека глобалните последици од климатските промени ќе изнесуваат 38 трилиони долари годишно до 2050 година.

Тоа значи намалување на просечниот приход во светот за околу 19 проценти. Тие загуби нема да може да се променат, вели коавторот на извештајот Максимилијан Коц.

„Она што го откриваме е дека во текот на следните 25 до 30 години, влијанијата врз економијата се конзистентни во различни сценарија за емисии, без оглед на тоа дали влегуваме во свет со високи или ниски емисии“, вели Коц.

Климатските промени - а особено повисоките температури - влијаат на продуктивноста на работниците, вели Коц.

„И тоа потоа ќе се манифестира во многу различни индустрии, како во производствените сектори. А потоа знаеме и дека влијанијата врз земјоделската продуктивност се многу силни, особено од високите температури“, додава Коц.

Истражувањето ги разгледа климатските и економските податоци од изминатите 40 години во повеќе од 1.600 региони ширум светот, и ги искористи за проценка на идните влијанија. Оние кои се најмалку одговорни за глобалните емисии веројатно ќе бидат најтешко погодени.
Извештајот заклучува дека регулирањето на климатските промени би било многу поевтино отколку справувањето со економската штета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG