Линкови за пристапност

Истражување: Американците со негативен став кон кинеското економско влијание


Истражување: Американците со негативен став кон кинеското економско влијание
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:56 0:00

Истражување на Центарот „Пју“ покажа дека луѓе гледаат економското влијание на Кина во нивната земја, но има поделеност во оценките. Повеќето луѓе во САД, пак, го гледаат економското влијание на Кина негативно во споредба со другите земји кои биле анкетирани. Известува Мајкл Батурин.

Од Сан Франциско до Њујорк и Вашингтон, влијанието на кинеските квартови и кинеската култура се чувствува во многу градови во САД.

„Чувствувам дека имаме големо влијание. Погледнете наоколу, ние сме во кинески град“, вели Реин Броди, жителка на САД.

„Претпоставувам дека на сите им се допаѓа кинеската храна, и дека лунарниот фестивал, Кинеската Нова Година, исто така е добро културолошко влијание“, вели Јуџин Мосак, посетител во Вашингтон.

Истражувањето опфати испитаници во 35 различни земји, вклучително и на од САД, кои одговорија на повеќе прашања поврзани со Кина, вели Лора Силвер од Пју.

„Американците се издвојуваат по тоа што влијанието од Кина го сметаат за главно негативно. Повеќе Американци всушност велат дека економското влијание на Кина е негативно во споредба со другите земји каде што истражувавме“, вели Силвер.

Не само што Кина е една од најголемите извозници во САД. И компании за електронската трговија се поврзани со Кина, како Шеин и Тему исто така фати корени овде. Реин Броди купува преку Тему.

„Цените се навистина прифатливи“, вели Броди.
Иако ниските цени се привлечни, Кендал Фунасаки не купувала на страниците за електронска трговија.

„Веб-страниците како Тему, и слични кинески веб-локации, можеби имаат малку негативен ефект врз однесувањето на потрошувачите, зашто предизвикуваат охрабрување на луѓето да купуваат многу повеќе, а квалитетот на тие артикли не е одличен, и тоа е големо конзумирање и потоа фрлање на предметите, што мислам дека е расипничко“, смета Фунасаки.

Покрај некои негативни перцепции за кинеските компании поврзани со електронската трговија, владата на САД, предупреди против апликацијата за социјални медиуми TikTok, чија матична компанија е ByteDance со седиште во Пекинг, вели Кристофер Танг, професор за бизнис на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

„Владата на САД е загрижена дали TikTok може да се користи како средство за ширење потенцијално лажни вести, а исто така и необјективни ставови за различни кандидати во изборни години“, вели Кристофер Танг, Професор на УКЛА.

Истражувачкиот центар Пју, исто така, откри дека има разлики во погледите на луѓето за влијанието на Кина, врз основа на возраста.

“Типично, постарите луѓе имаат поголема тенденција да кажат дека Кина има големо влијание и дека тоа влијание е негативно. Тоа е точно за САД на пример“, посочува Силвер.
„Помладите генерации го сакаат TikTok, сакаат кинески производи, го сакаат Шеин. Тие се помалку загрижени за ситуацијата со Кина, така што сметаат дека Кина е релативно позитивна. Но, постарите генерации сè уште мислат на војната, за глобалните безбедносни прашања. Тие се повеќе загрижени за Кина. Така, мислам дека резултатите не беа изненадувачки“, додава професорот Танг.

Наодите на Пју се засноваат на јавната перцепција и не се индикативни за тоа колку всушност Кина има влијание врз домашните економии. Но, тоа би можело да биде корисна алатка, вели Силвер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG