Линкови за пристапност

Историја на Републиканската партија


Историја на Републиканската партија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Историја на Републиканската партија Републиканската партија била позната по тоа што фаворизира помала федерална влада, како и конзервативна социјална политика. Сепак, тоа не било секогаш случај.

Републиканската партија е позната по тоа што фаворизира помала федерална влада, како и конзервативна социјална политика.

Сепак, тоа не беше секогаш случај.

Партијата е основана во 1854 година од жителите од север кои сакале посилна федерална влада да се спротивстави на ширењето на ропството во западните држави.

Вториот кандидат за претседател на партијата, Абрахам Линколн, го освоил претседателството во 1860 година но, и со цел и да го укине ропството.

По победата на Северот во Граѓанската војна, Републиканската партија доминирала во политиката на земјата во следните 70 години.

Во тоа време, партијата се залагала за проширување на федералната моќ. Партиските лидери, исто така, го поддржаа 15-тиот амандман со кој се гарантира правото на Афроамериканците да гласаат.

Доминацијата на партијата опадна за време Големата депресија, при што демократите за економскиот колапс ги обвинија политиките на републиканците.

Во текот на следните 50 години, демократите главно ја контролираа националната политика со само еден републикански претседател кој ја доби власта.

Републиканците развија конзервативен одговор на демократското проширување на федералната влада што започна за време на Големата депресија.

Променливите политики на партиите доведоа до демографска промена, при што многу Афроамерикански гласачи се префрлија во Демократската партија додека белите гласачи од југот се префрлија на Републиканската партија.

Во 1980-тите, републиканецот и претседател Роналд Реган, освои големо мнозинство со својата политика.

Во последните децении, демократите и републиканците ја разменуваа контролата врз претседателската функција.

Претседателите на Републиканската партија Џорџ В. Буш и Доналд Трамп се залагаа за уште помала улога на федералната влада и се придвижија понатаму кон социјалната политика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG