Линкови за пристапност

Ирак побара од ОН да си заминат по 20 години


Ирак побара од ОН да си заминат по 20 години
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

По 20 години во Ирак, ирачкиот премиер им порача на Обединетите нации дека е време да се повлечат. Дописничката на Гласот на Америка од Обединетите нации Маргарет Бешер има повеќе.

Мисијата на Обединетите нации за помош за Ирак беше основана во 2003 година, како последица на американската воена инвазија и падот на Садам Хусеин, што доведе до долгогодишна домашна нестабилност, тероризам и политичко насилство.

Но, 20 години подоцна, Ирак им кажа на Обединетите нации дека е време да си заминат со нивната политичка мисија.

Претставникот на Ирак вели дека земјата е стабилна, тероризмот е контролиран, а Багдад и курдските власти се обидуваат да ги решат нивните разлики.

Шефица на мисијата на ОН, која го завршува својот 5-годишен мандат овој месец, се согласува дека сè уште има сериозни предизвици што треба да се надминат, но од Багдад рече дека Ирак е земја „во подем“.

Мандатот на Мисијата за помош на Обединетите нации на Ирак истекува на крајот на мај, а Советот за безбедност во наредните денови ќе одлучи како да одговори на барањето за повлекување на Ирак.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG