Линкови за пристапност

Индустријата за електрични возила во САД очекува поддршка и од новата американска администрација


Производителите на електрични возила се надеваат на континуиран раст под новоизбраниот претседател Доналд Трамп, особено затоа што извршниот директор на Тесла, Илон Маск, сега се чини дека е еден од неговите главни советници. Генија Дулот известува од Лос Анџелес

Претходно во претседателска кампања, Доналд Трамп жестоко го критикуваше Џо Бајден за поддршката на електричните возила.

„Замислете - тој сака мандат за промовирање на електричните возила што ќе значи смрт за автомобилската индустирија на САД“, рече Трамп во септември 2023 година.

Во последниот месец на неговата кампања, Трамп доби голема поддршка од извршниот директор на најпозната компанија за електрични возила Тесла, Илон Маск.

„Тој ја создаде првата голема американска автомобилска компанија со генерации. А неговата ракетна компанија е единствената причина поради која сега можеме да испратиме американски астронаути во вселената“, истакна Трамп во предизборието годинава.

„Како што можете да видите, јас не сум само МАГА, јас живеам за МАГА“, рече тогаш Трамп.

По победата на Трамп на изборите, Маск се согласи да се приклучи на новата влада за да помогне во подобрување на ефикасноста.

И цените на акциите на неговата компанија за електрични возила Тесла скокнаа за повеќе од 25 отсто од денот на изборите, достигнувајќи пазарна вредност од 1 трилион долари за прв пат во две години.

Што очекуваат производителите на електрични возила од тимот на Трамп во кој е вклучен и шефот на Тесла? На саемот за автомобили во Лос Анџелес, Шив Сиканд го презентира четири-моторниот, целосно електричен супер-автомобил Драко.

„Возбудливо е да се верува дека Илон е близок советник, а претседателот сериозно ги сфаќа неговите совети. Мислам дека ќе биде многу добро за американската индустрија, не само за електричните автомобили. Нашата цел е да бидеме поконкурентни, особено во заканата од странска конкуренција“, вели Сиканд.

Со ветувањето на Трамп за увозни тарифи, електричните возила произведени во Соединетите држави може да бидат поконкурентни.

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи ќе го произведува својот електричен камион IONIQ 9 во САД, во сојузната држава Џорџија, вели портпаролот на компанијата Мајлс Џонсон.

„Таму ќе се склопува IONIQ 9. Има две фабрики за батерии кои ќе бидат во Џорџија, така што и батериите ќе се набавуваат во САД. Возилата целосно ќе се произведуваат на американска територија“, истакна Џонсон.

Производителите на електрични возила исто така се свесни дека Трамп може да го прекине федералниот даночен кредит од 7.500 долари за купувачите на електрични возила.

Водичот за анализа на возилата „Kelley Blue Book“ потенцираше дека минатата година во Соединетите држави биле продадени рекордни 1,2 милиони електрични возила, што претставува повеќе од 7 проценти од вкупниот број на пазарот на автомобили во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG