Линкови за пристапност

Индустријата станува закана за Орунг Римба, племе на шумски луѓе во Индонезија


Индустријата станува закана за Орунг Римба, племе на шумски луѓе во Индонезија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Земјоделството и индустриското земјоделство често се во конфликт со домородните заедници во Индонезија -  земја со стотици етнички групи. Ахадијан Утама од Гласот на Америка го посети племето Орунг Римба од Суматра.

Шумите на Националниот парк Букит Дуабелас на островот Суматра се дом на Орунг Римба, или „шумски луѓе“, само едно од стотиците домородни племиња во Индонезија.

Јохана Марпаунг е олеснувач на образованието за огранокот Варси на Индонезиската заедница за заштита - или ККИ Варси.
Групата работи на зачувување на шумите и локалните заедници кои живеат во и околу нив.

Таа вели дека ККИ-Варси ги учи луѓето од Орунг Римба на основните вештини како читање и математика, но не во традиционална училница.

„Ги учиме каде ѝ да сакаат, каде ѝ да се наоѓаат“, вели Марпаунг.

Затоа што Орунг Римба се номади. Јохана Марпаунг му покажа Гласот на Америка каде живеат.

„Ова е типичен дом на племето Орунг Римба во шумата. Во моментов, куќата е напуштена бидејќи моментално е сезона на Дуриан, и тие се преселуваат подалеку во шумите, до ресурсите со храна“, раскажа Марпаунг.

Додека некои од нивните обичаи и традиции ги штитат од надворешни влијанија, Орунг Римба не се целосно изолирани од општата популација.

Преобразувањето на шумите на Суматра во плантажи со масло од палми, на пример, ги оттурна од нивната земја, принудувајќи ги почесто да комуницираат со надворешниот свет. Затоа, ККИ Варси почна да помага и да се залага за заштита на племето Орунг Римба во 1998 година.

Неписменоста се покажа како мошне неповолно за Орунг Римба за време на изборите во Индонезија во средината на февруари. Тие се појавија на гласачките места како што им беше наложено, но многу малку ги знаеја кандидатите или ако ги знаеја, немаше да знаат како да го најдат нивното име на гласачкото ливче.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG