Линкови за пристапност

Индонезија гради нов главен град, бројни локални заедници се соочуваат со иселување


Индонезија гради нов главен град, бројни локални заедници се соочуваат со иселување
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Индонезија гради нов главен град за 32 милијарди долари на островот Борнео. Но, брзиот развој и изградбата се закануваат со иселувања на локалните. Известува дописникот на Гласот на Америка, Ахадиан Утама.

Изградбата на новиот главен град на Индонезија, Нусантара влезе во втората фаза, фокусирана на домување, изградба на болници, училишта и комерцијални области. Delonix Group, хотелска компанија со седиште во Шенжен, Кина, е првиот странски инвеститор вклучен во овој огромен проект.

„Уверени сме дека Ибу Кота Нусантара ќе одигра важна улога во позиционирањето на Индонезија како водечка нација во светот“, вели Бил Лин, претседател на индонезиската Delonix Group.

Ибу Кота Нусантара, или главниот град Нусантара е идниот град на индонезискиот остров Борнео.

Новиот главен град ќе ја замени Џакарта, која се бори со пренаселеност и сериозна ерозија на земјиштето, и често се опишува како град во светот - кој најбрзо тоне.

Меѓу домородните племиња кои живеат во џунглите кои стануваат нов главен град, постои одреден оптимизам за иднината и многу загриженост. Некои припадници на племињата Пасер и Балик се надеваат дека новиот главен град ќе отвори можности.

„Новиот главен град може да има позитивно влијание, во смисла на подобрување на економијата на околната заедница“, вели Хасанудин, лидер на заедницата Пасер.

Но, не сите жители очекуваат да имаат корист од проектот. Жителот на Сепаку, Насрун се соочува со изгледи да го загуби својот дом. Во март, му беше дадена наредба за иселување бидејќи неговата куќа стои на патот на новата патарина што води до Нусантара.

„Ми беше побарано да се иселиме... ни беше забрането да изградиме зграда, дури ни беше даден рок од една недела да ја расклопиме нашата куќа, и да се преселиме“, вели Насрун.

Насрун и другите ја одбија наредбата, и покрај понудите за компензација. Застапниците велат дека околу 200 семејства од племињата Балик и Пасер се соочуваат со слични наредби.

Многу домородни семејства велат дека се населиле во овие области многу пред да бидат објавени плановите за изградба.

Деде Вахјуди е од група која ги застапува домородните заедници.

„Со мерките и политиките од владата, тоа ќе доведе до елиминација и раселување на локалните домородни заедници“, вели Вахјуди.

Федералните и локалните власти меѓусебно се обвинуваат за наредбите за иселување. Локалната влада на Пенаџам Пасер Утара вели дека разгледува неколку начини да им помогне или да ги обесштети жителите.

„Првата опција е компензација со пари, потоа компензација со земјиште, па преселување... но, исто така, треба да видиме дали овие алтернативи се изводливи за владата да ги спроведе и дали жителите се подготвени“, вели Хендро Сусило, портпарол на локалната владац на Пенаџам Пасер Утара.

Иако се надева дека нема да се пресели, Насрун вели дека сè уште го поддржува развојот на новиот главен град на Индонезија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG