Линкови за пристапност

Имиграцијата станува жешко прашање на изборите во САД


Имиграцијата станува жешко прашање на изборите во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

Имиграцијата станува жешко прашаена претстојните избори во САД. Потпретседателката Камала Харис води кампања за нејзините достигнувања како обвинителка, додека поранешниот претседател Доналд Трамп ветува масовни депортации на илегални имигранти. Известува Алин Барос. .

За време на кампањата, потпретседателката Камала Харис го истакнува своето искуство како обвинителка, окружен обвинител и државен обвинител во Калифорнија.

„Одев по подземните тунели меѓу САД и Мексико со службениците за спроведување на законот. Гонев транснационални банди, нарко-картели и трговци со луѓе кои нелегално влегоа во нашата земја. Ги гонев случај по случај и ги добив случите“, истакна Харис.

Додека беше на функцијата, поранешниот претседател Доналд Трамп изгради повеќе од 80 километри нов граничен ѕид, ја намали годишната граница за прием на бегалци на историски најниско ниво и спроведе политика што ги одвојува децата од нивните родители.

„Овој ноември, американскиот народ ќе го спореди ова и ќе каже: „Главната за границата Харис, направи ужасна работа. Вие сте срам за нашата земја. Отпуштена сте. Бегајте оттука”, порача Трамп од митинг.

Имиграцијата е жешко прашање на овие претседателски избори. Истражувањето на Советот на Чикаго покажа дека 50% од испитаниците велат дека голем број имигранти е закана за САД. Иако нешто повеќе од половина од Американците го поддржуваат ѕидот на границата и употребата на американските војници на границата со САД со Мексико, повеќето се противат на масовната депортација на недокументирани имигранти.

Со оглед на тоа што Конгресот не успеа да ја усвои реформата за имиграција, нацијата останува зависна од извршните активности и прописи, без оглед на тоа кој е на функцијата.

„Со политичкото опкружување во кое се наоѓаме, тоа е тешко место бидејќи извршните дејствија секогаш ќе бидат предмет на тужби, а ние имаме Конгрес кој не е подготвен да дејствува“, рече Кори Форман, адвокат за имиграција.

Харис вети дека ќе го поддржи законодавството за безбедност на границата, нагласувајќи ја улогата на Трамп околу двопартискиот предлог-закон во Сенатот.

„Тој го оневозможи двопартискиот договор зашто мислеше дека тоа ќе му помогне да победи на изборите, што покажува дека Доналд Трамп не се грижи за безбедноста на границите. Тој се грижи само за себе. Значи, еве го моето ветување до вас. Како претседател, Ќе го вратам законот за безбедност на границата што Доналд Трамп го повлече и ќе го потпишам како закон“, истакна Харис.

Републиканските сојузници на Трамп го повикаа да се фокусира на областите каде што веруваат дека има предност пред Харис, особено на имиграцијата.

Тој продолжува да повикува на депортација на мигранти без документи и ја критикува администрацијата на Бајден и Харис дека има, како што вели, политика на отворени граници.

„Со вашиот глас, инфлацијата ќе престане, илегални странци ќе бидат вратени назад. Мораме да ги спречиме. Дали видовте што таа рече сега: ‘Имавме многу добра граница, одлична’. Тие ја имаа најлошата граница во историјата на светот“, критикува Трамп.

Граничната патрола на САД во јуни регистрирала околу 130 000 мигранти, што е повеќе за околу 104 000 споредено со јуни 2019тата, пред пандемијата, кога Трамп беше претседател. Бројот на мигранти е помал од декември 2023 година кога го достигна врвот и имаше повеќе од 300 000 мигранти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG