Хутите во Јемен се исламистичка милитантна група поддржана од Иран, како една од неговите регионални застапници кои се борат против Израел.
Иако Јемен е оддалечен повеќе од три илјади километри, Хутите истрелуваат десетици проектили со долг дострел кон Израел од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Тие главно го напаѓаа јужниот град на Црвеното Море Ејлат, каде што неодамна за првпат падна проектил, без жртви.
„Повеќето од ракетите беа пресретнати од израелските системи кои треба да пресретнуваат ракети. Тие понекогаш паѓаа во Египет, а некои од нив беа пресретнати, дури и од Саудијците и американската морнарица. Се разбира, тоа е опасност за нашиот јужен град, јужното пристаниште, Ејлат“, вели вели Ефраим Инбар од Ерусалимскиот институт за стратегија и безбедност.
Од почетокот на војната, Хутите поддржани од Иран имаа напади во Црвеното Море, киднапирајќи неколку бродови.
Нападите предизвикаа зголемување на цените на стоките што се транспортираат со бродови, бидејќи многу компании се принудени да одат на подолг пат за да го избегнат Црвеното Море.
Израелските аналитичари велат дека нападите на Хутите врз бродовите ѝ дадоа на групата зголемен статус на светската сцена.
„Тие од локална група станаа регионален играч, а сега можеби дури и меѓународен играч. Борбата против Израел служи за неколку цели на Хутите. Тие сакаат да покажат сочувство за палестинската кауза. Ова е алатка за да се биде популарен, да се добие поддршка, не само во Јемен туку и на Блискиот Исток. Израел е само споредна работа во моментов. Хутите всушност станаа група или сила која контролира донекаде многу витална точка“, посочува Јоел Гузански од Институтот за национална стратегија и безбедност.
Гузански вели дека иако Израел е повеќе загрижен за заканите што доаѓаат од иранските посредници Хамас во Газа и Хезболах во Либан, конфликтот меѓу Израел и Хутите може да ескалира и Израел нема да има друг избор освен воено да одговори.
„Ајде да размислиме за сценарио дека САД пропуштаат барем еден или два од тие проектили да бидат истрелани кон Израел, а Израел промаши еден од тие проектили. И овој проектил погодува цел на југот на Израел, да речеме во градот Ејлат. Бројот на жртви може да биде голем и ова ќе биде успех за Хутите бидејќи тие се обидуваат да го направат тоа долго време“, додава Гузански.
Facebook Forum