Линкови за пристапност

Хуманитарци изложени на гранатирања додека доставуваат помош во реонот на Харков


Хуманитарци изложени на гранатирања додека доставуваат помош во реонот на Харков
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

УНИЦЕФ и другите хуманитарни организации им помагаат на заедниците во регионот Харков во источна Украина да се подготват за студената сезона. Многу жители изгубија работа и сигурни извори на приходи поради војната и не можат да си дозволат греење. Известува Ана Костутченко.

Во куќата на Ирина Малаки, овој мал котел е единствениот извор на топлина и бара речиси постојано дополнување со огревно дрво.

Макалеј живее со својот сопруг и трите деца во градот Дергачи, во областа Харков во источна Украина. Нејзината 8-годишна ќерка Анжелика има доцнење во развојот. На нејзиниот 13-годишен син Свјатослав му бил дијагностициран дијабетес во летото 2023 година.

„Поради војната, има проблеми со недостиг на лекови или нивно тешко наоѓање. Ова лето, моравме да отпатуваме во Купијанск за да го земеме потребниот лек бидејќи не беше достапен на друго место во Украина“, вели Ирина.

Нејзиниот сопруг се грижи за целото семејство. Тој е плочкар и прима нарачки кога може, додека таа, шивачка по професија, се обидува да најде работа.

„Јас земам нарачки дома кога можам, но ги нема многу. Кога луѓето слушаат дека сум во Дергачи, се плашат. Велат дека поради гранатирањето не можат да ризикуваат да одат до таму“, додава Ирина.

Во 2023 година, организацијата за помош на децата УНИЦЕФ му обезбедила на семејството финансиска помош и комплети за хигиена.

Оваа година, помага во зимските подготовки во регионот на Харков, вели Павло Першин, службеник за одговор при итни случаи во канцеларијата на УНИЦЕФ во Харков.

„Првично, планираме да обезбедиме производи за семејствата со деца кои живеат во област до 30 километри. Но, поради влошувањето на воено-безбедносната состојба, повеќето семејства со деца во одредени области како што се Купенска и Боривска мораа да бидат евакуирани“, вели Першин.

Вработени од добротворна фондација во Харков помагаат во испораката на брикети до локалните заедници и покрај постојаниот ризик од гранатирање, вели менаџерот за координација Володимир Акшенцев.

„Имаше случаи кога, за жал, беа погодени наши вработени. Значи, мораме да посветиме повеќе внимание на безбедноста. Понекогаш планирате сè, развивате рута, но таа се откажува од безбедносни причини“, истакнува Акшенцев.

Акшенцев вели дека неодамна, хуманитарните работници во регионот на Харков биле погодени и убиени од руски дрон.

Тие беа нападнати со дрон. Имаа бело комбе означено дека е хуманитарна помош. Беше невозможно да се помеша со воено возило.

И покрај секојдневните ризици, фондацијата продолжува да испорачува брикети. И зимската помош на УНИЦЕФ е насочена кон 16.000 семејства во регионот на Харков, при што 9.000 добиваат финансиска помош, а околу 3.000 веќе добиле брикети за греење кои ќе им помогнат да се загреат оваа зима.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG