Линкови за пристапност

Хрватски воени ветерани вклучени во рехабилитација на украинските војници


Хрватски воени ветерани вклучени во рехабилитација на украинските војници
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Хрватските ветерани од граѓанската војна во некогашна Југославија, помагаат во рехабилитацијата на ранетите Украинци. Нуркачкиот клуб ХРВИ првпат е домаќин на Украинци. Меѓу нив - бранителите на Мариупол и Буча. Известува Омелијан Ошчудљак. .

На западниот брег на Хрватска, нуркачкиот клуб ХРВИ е основан како центар за нуркање за ранети хрватски воени ветерани. Првпат е домаќин на Украинци. Меѓу нив - бранителите на Мариупол и Буча.

„Во 1991 година, кога бевме во војна, Украина беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Хрватска. Се сеќавам на моментот кога бевме информирани за ова во првите борбени линии, и сè уште се наежувам кога ќе помислам на тоа“, вели Рене Циповец, поранешен снајперист.

Циповец пред 20 години го основал нуркачкиот клуб заедно со неговите воени другари. Некои од ранетите овде велат дека нуркањето е нивна терапија.

„Нуркањето е самодисциплина, способност да се контролира дишењето и да се смирите. Тоа е како медитација, може да замени терапевт на некој начин. Моментално, со едната нога и раката што ми остана, го истражувам мојот стил на нуркање. Треба да вежбате и работите напорно за да го најдете“, вели Михаило Јурчук, воен ветеран на Украина.

Михаило Јурчук, наредник од 95. бригада, учествувал во битките кај Изјум во регионот Харков. Шест месеци по нуркањето во Јадранското Море, Јурчук се сретнал повторно со хрватски инструктори, овојпат во базен во Лавов.

Неговиот ментор Боран Мартиќ, исто така, е ветеран и го научил Јурчук како да се чувствува удобно во вода.

„Никогаш не сум видел случај како оној на Михаило. Тој бара посебен пристап. Кога почнувавме, се плашев повеќе од тој што се плашеше“, вели Мартиќ.

Повеќето хрватски инструктори за нуркање имаат борбено искуство, вклучително и во одбраната на Вуковар во септември 1991 година.

Тие велат дека кога ветеран комуницира со друг ветеран, тоа е пат кон исцелување.

„Постојаната вознемиреност е секогаш присутна и исклучително е важно да научите како да се смирите. Се гледам себеси кога ги гледам младите момци со кои работиме“, додава Циповец.

До крајот на овој проект, Хрватите а Украинците ќе се сретнат во вода најмалку двапати. Групата работи на пат кон исцелување и создавање пријателства кои ќе траат многу подолго од конфликтот во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG