Линкови за пристапност

Хамас ослободи уште заложници, посредниците работат да го продолжат прекинот на огнот


Со официјалното завршување на примирјето в четврток наутро, највисоките функционери од Катар, САД, Египет и Израел се состанаа во Катар за да разговараат за тоа како и колку долго да се продолжи прекинот на борбите за да се овозможи понатамошна размена на заложници и затвореници
Со официјалното завршување на примирјето в четврток наутро, највисоките функционери од Катар, САД, Египет и Израел се состанаа во Катар за да разговараат за тоа како и колку долго да се продолжи прекинот на борбите за да се овозможи понатамошна размена на заложници и затвореници

Милитантите на Хамас ослободија повеќе израелски заложници денес, на шестиот ден од примирјето меѓу завојуваните страни, додека преговарачите работеа на продолжување на паузата во борбите и ослободување на уште повеќе заложници во замена за Палестинците држени во израелските затвори.

Со официјалното завршување на примирјето в четврток наутро, највисоките функционери од Катар, САД, Египет и Израел се состанаа во Катар за да разговараат за тоа како и колку долго да се продолжи прекинот на борбите за да се овозможи понатамошна размена на заложници и затвореници.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој треба да отпатува за Израел в четврток, им рече на новинарите во Брисел дека продолженото примирје „значи дека повеќе заложници ќе се вратат дома, ќе се добие поголема [хуманитарна] помош“ за да им се помогне на раселените Палестинци во Газа.

„Јасно е дека тоа е нешто што го сакаме“, рече Блинкен.

„Верувам дека тоа е исто така нешто што Израел го сака. Тие се исто така интензивно фокусирани на враќање на нивните луѓе дома“.

Катар изјави за Си-Ен-Ен дека е „многу оптимист“ дека примирјето ќе биде продолжено, веројатно под истите услови како и првите шест дена, со околу три пати повеќе Палестинци затворени за различни прекршоци во израелските затвори кои се ослободени во споредба со бројот на заложниците кои се ослободени од Хамас, кој е прогласен за терористичка организација САД, Велика Британија, Европската Унија и други.

Еден израелски функционер изјави за „Вашингтон пост“ дека примирјето може да биде продолжено за два или три дена, но понатамошниот прекин на борбите „нема да доведе до траен прекин на огнот“.

Официјалниот претставник рече дека „целта за отстранување на Хамас од неговата власт во Газа“ останува клучна за еврејската држава по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, кога загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници.

Како одговор, во израелското воздушно бомбардирање и копнена инвазија на Газа загинаа повеќе од 15.000 луѓе, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Израелските одбранбени сили денес соопштија дека началникот на Генералштабот на израелската армија, ги одобрил плановите за „продолжување на борбите“ во Газа по завршувањето на паузата.

Меѓу оние кои Хамас беа ослободени денес се и двајца двојни државјани - руски и израелски - Елена Трупанов (50) и Ирина Тети (73), според израелската влада.

Хамас денес соопшти дека тројца заложници - Кфир Бибас, 10 месеци; неговиот брат Ариел, 4; и нивната мајка, Шири Силберман Бибас - биле убиени за време на израелското бомбардирање на појасот Газа.

Израелската армија соопшти дека го истражува тврдењето на Хамас.

XS
SM
MD
LG